Јагелонски универзитет

„Историја на цивилизацијата во Полска“ - „Основање на Академијата“. серијал од дванаесет дела на Јан Матејко, 1888 година
Колегиум Maius, најстарата зграда на Универзитетот, поглед од ул. Јагелонска
Хералдички фриз на зградата на Колегиум Maius, од лево: грбови на епископите од Краков, канцелари на Краковската академија: кардинал Фрајдерик Јагелон (со кардиналска капа), Станислав Шембек, Казимир Лубиенски, лево од нив: грбот на Хабсбурзите, грбот на Кралството Полска, грбот на Големото Кнежество Литванија, најдолу грбот на Краковската академија.
Печат на Краковската академија од 1420 година. Во полето на печатот, свети Станислав со крената десна рака во знак на благослов и држејќи жезло во левата рака, потпрен на штит со орел
Дворот на Колегиум Maius

Јагелонски универзитет[1] е полски државен универзитет во Краков, всушност тој е и најстариот универзитет во Полска, еден од најстарите универзитети во светот.

Универзитетот бил основан во 1364 година[2] во Краков за време на владеење на кралот Казимир III Велики. Првично се состоел од три факултети : либерални уметности, медицина и право.[2] Јагелонски универзитет бил основан како втор во Средна Европа, по Карловиот универзитет во Прага основан во 1348 година.[2] Реактивиран бил околу 1390 година од Јадвига Анжујска, а официјално обновен во 1400 година од страна на Владислав II Јагело. Благодарение на напорите на Јадвига Анжујска 1397 година[3] бил проширен и дополнително бил отворен теолошкиот факултет. Во 1817 година го добил името „Јагелонски“ за да ги нагласи врските на универзитетот со династијата Јагелонци.

Во 15 и почетокот на 16 век универзитетот во Краков имал голем подем, но во втората половина на 16 век полека почнала негова деградација и ја губел својата позиција. [2] Оваа криза се продлабочила и во 17 и 18 век. [2] Во 1777 година, Хуго Колтај, дејствувајќи како инспектор на Комисијата за национално образование, се обидел да го реформира и подобри научното ниво на универзитетот. Реформата се однесувала на создавање нова организациска структура, воведување предавања за полската литература, природни науки, основање астрономска опсерваторија, ботаничка градина, клиники и првите лаборатории. Полскиот јазик станал главен јазик на наставата, а професорите своето образование го стекнувале во странство во духот на филозофијата на просветителството.[2] Се поголем пристап до образованието добивале и граѓаните.

За времетраење на Слободен Град Краков (1815–1846) Јагелонскиот универзитет одиграл важна улога во политичкиот живот, но ниту нивото на настава ниту бројот на студенти немале значително подобрување. Во првата половина на 19 век, универзитетите во Варшава и Вилнус станале поголеми академски центри од Краков. Допрва во времето кога на Галиција и била доделена автономија во рамките на Австроунгарија во 1867 година, ситуацијата на универзитетот се подобрила, што придонело за динамичен развој на природните и хуманистичките науки и нивните истражувања.

Во 1894 година на жените им било дозволено да студираат на универзитетот, а прва жена предавач/професорка се појавила во 1927 година. Во меѓувоениот период, Јагелонскиот универзитет продолжил со своите активности и бил голем академски центар во Втора Полска Република (1918–1939). Во учебната 1937/38 година на сите универзитетски факултети бил воведен принципот numerus clausus (метод на ограничување на лицата кои се примаат на одредена работа или образование) за студенти од еврејско потекло, а во учебната 1938/39 година ниту едно лице со еврејско потекло не било примено на факултетите за медицина и фармација. Во ноември 1938 година, на Јагелонскиот универзитет било воведено гето клупа, форма на официјална сегрегација на студентите.[4][5]

На 6 ноември 1939 година, непосредно по избувнувањето на Втората светска војна и окупацијата на Краков, германските окупатори, како дел од акција, уапсиле над сто и четириесет универзитетски професори и асистенти под изговор дека ќе ги носат на предавање, а биле испратени во концентрационен логор. За време на војната (1939–1945) универзитетот бил затворен, но неколку стотици студенти и професори учествувале на т.н. тајни предавања.

Во повоениот период, контролата над универзитетот ја презеле властите на Народна Република Полска, особено Полската обединета работничка партија (поранешен ППР). За време на сталинистичкиот период, доктрината марксизам-ленинизмот била наметната на наставните активности, особено во областа на општествените науки. Во периодот помеѓу 1950–1954 година, од неколку посебни факултети биле основани нови универзитети, меѓу кои: Земјоделскиот универзитет, Академијата за физичко образование и Медицинската академија, а бил укинат Теолошкиот факултет. Ситуацијата се променила во октомври 1956 година, кога универзитетот повторно добил делумна автономија. Во март 1968 година, единиците на МРГМ упаднале во Колегиум Новум на Јагелонскиот универзитет и ги нападнале студентите кои протестирале таму. По трансформацијата во 1989 година, универзитетот почнал да работи под нови услови и ја вратил својата целосна автономија. Во 1993 година Медицинскиот факултет бил вратен во структурите на Јагелонскиот Универзитет.

Во моментов, Јагелонскиот универзитет се состои од тринаесет главни факултети и три факултети на Колегуим Медикум. Во 2016 година на универзитетот биле вработени околу четири илјади предавачи на сите факултети, а студирале над четириесет илјади слушатели: студенти, докторанти и студенти на постдипломски студии.[6] Во 2021 година според рангирањето на високообразовните институции подготвено од месечното списание Перспективи, Јагелонскиот универзитет добил прво место, како најдобра високообразовна институција во Полска.[7]

Универзитетот поседува и користи голем број згради лоцирани во Краков за наставни и истражувачки цели: Кампус I во Стариот град, Кампус II на улицата Крупница и Алеја Тржех Вишчов, Кампус III во Ручај, објекти Колегиум Медикум на улиците Коперника и Шниадецких и бројни други објекти во рамките на градот и надвор од него. Главната универзитетска библиотека е Јагелонската библиотека - една од најголемите библиотеки во Полска. Во најстарата универзитетска зграда се наоѓа Јагелонскиот универзитетски музеј, создаден од Карол Естрајхер. Како единствен универзитет во Полска, Јагелонскиот универзитет е член на многу асоцијации на најпрестижните универзитети во светот, вклучувајќи: Групацијата Коимбра, Европаевм или мрежата на Утрехт.

Историја

Основање на универзитетот

Како и другите средновековни универзитети, школата во Краков првично функционирало како studium generale (име за средновековен универзитет во средновековна Европа). Основан е по иницијатива на кралот Казимир III Велики на 12 мај 1364 година и бил втор во овој дел на Европа, по Карловиот Универзитет(1348). Всушност, универзитетот ја започнал својата активност дури во 1367 година, водејќи предавања на три факултети : либерални уметности (1 оддел), медицина (2 катедра) и право (8 катедри, вклучувајќи 5 римско право ). Универзитетот бил создаден, според пример на италијанските универзитети (особено Болоњскиот универзитет ), тесно поврзан со државата, со водечка позиција на двата правни факултети и без теолошки факултет (за разлика од Универзитетот во Прага, по моделот на Сорбона, кој подлежел под црквата).[8] Внатрешната структура се засновала на студентско самоуправување, независно од црковното влијание. За прв пат во историјата, студентите по право имале можност да поминат еден вид пракса во судовите, по нивните студии. На Краковскиот Факултетот за уметности дипломирале само 6 студенти. Претстојната смрт на кралот во 1370 година и незаинтересираноста од страна на Лајош Анжујски довеле до прекин на фукционирањето на универзитетот. Од научните достигнувања од времето на Казимир Велики, зачувани се три кодекси, вклучувајќи: од 1367 година (колофон : in castro Cracoviensi seu in universitate studii ) и од 1369 година (колофон: per manus cuisdam studentis ).

Во 1390 година повторно бил активиран, а во 1391 година ја продолжила својата настава благодарение на личните напори на кралицата Јадвига Анжујска и влијание во папскиот двор.[9] Во тестаментот, кралицата го подарила своето лично богатство на универзитетот во Краков. Со тоа се овозможило универзитетот да биде обновен во целосна форма во 1400 година, со четири факултети типични за средновековните универзитети. Од нив, најважен бил Теолошкиот факултет, што претставувал и највисока форма на научната кариера на секој професор. Овој факултет бил основан додека Јадвига сè уште била жива. Во 1397 година кралицата добила папска була од папата Бонифациј IX, што овозможило создавање на оваа школа.[3] Јагелонскиот универзитет бил првиот универзитет во Европа кој имал независни катедри по математика и астрономија кои биле основани во 1406 година.

Универзитетот бил црковна и свештеничка институција, надгледувана од епископот на Краков, како канцелар на Светата столица. Но од друга страна, имал и правен субјект со своја самоуправа со право за управување на својот имот и сопствено судство во рацете на ректорот.[10]

Подем на академијата во Краков

Во 15-тиот и почетокот на 16-тиот век следел период на просперитет на универзитетот во Краков. Предавања посетували дури и стиденти од странство. Во тоа време ректори на универзитетот биле Станислав од Скарбимиерц и Павел Влодкович. Особено популарни станале факултетите по математика и астрологија. На овој универзитет студирал и Никола Коперник, како и многу подоцнежни западноевропски професори. Краков бил исто така важен научен центар на алхемиските науки, на кои предавале професори по медицина.

Големата реформа на главната школа на кралството

Првите реформи се појавиле кон средината на 18 век. Универзитетите во тоа време требало да станат високи стручни училишта.[11] Меѓу другото, биле воведени: систематско предавање на германски и француски јазик, предавања за полско право, географија и воено инженерство. Во 1748 година беше формирана катедра по природно право. Сепак, напорите да се доведат предавачи од странство во Краков, не вродиле со успех.

Јозеф Алојзи Путанович го развил Организација на студиите на Филозофскиот факултет, врз основа на кој е основана катедрата за еклектичка филозофија, благодарение на која, покрај схоластиката, предавана била и филозофијата на Декарт, Лајбниц, како и тогаш заборавените Коперник и Галилеј.[12]

Путанович исто така ја реформирал наставата по предметите математика и физика, поделувајќи ги во четири класи [12] :

Класа I Класа II Класа III Класа IV

Во периодот на 1775-1792 година универзитетот активно учествувал во реформите спроведени од Комисијата за национално образование. Универзитетската печатница се занимавала со издавање на голем број учебници за основно образование подготвени од Друштвото за основни книги, вклучувајќи го полскиот буквар, напишан за црковните училишта првично. По неговото општо прифаќањето на овој буквар, бил испечатен од страна на универзитетот во Краков, а примероци по симболична цена биле испратени до училиштата низ Полско-литванската Државна Заедница [13].

Реформите го опфатиле и самиот универзитет. Во 1777 година, Хуго Колтај се обидел да ја реформира академијата[12] врз основа на проектот За воведување добри науки во Академијата во Краков и основање на Семинари за наставници од провинциските училишта.[12] Овој проект го променил називот на универзитетот во Atheneum Augusti и бил поделен на пет факултети (академии)[12]

  • Академија на уметности,
  • Академија за филозофија,
  • Медицинска академија,
  • Правна академија,
  • Теолошка академија.

Колтај завршил настава по схоластичка филозофија на Академијата за филозофија.[12] Курсевите кои се одржувале на универзитетот траеле една година, а услов за запишување било завршување на регионално училиште.[12]


Период на окупација

Поделбата на Полска го загрозила понатамошното функционирање на универзитетот. По окупацијата од страна на австриските трупи, била донесена одлука за негово затворање, но со интервенцијата во Виена, била спасена судбината Јагелонскиот универзитет. Сепак, неговата улога била значително намалена. Ниту асимилирањето на Краков во Војводството Варшава не ја променило оваа ситуација. Подоцна во Републиката Краков универзитетот одиграл важна политичка улога. Имал стабилна внатрешна автономија и значително влијание врз државната политика (моќта на ректорот бил многу малку ограничена од Сенатот на Слободниот град. Покрај тоа, универзитетот имал тројца свои претставници на Генералното собрание од вкупно 41 пратеници и двајца во Сенатот). Но и покај тоа неговото ниво, ниту бројот на студенти значително не се зголемиле. Во однос на научниот престиж, веќе бил зад Варшава и Вилнус. Од 1846 година, кога Краков бил повторно под австриска влас, владата во Виена не ја променила својата непријателска политика.

Допрва по доделувањето на автономија на Галиција во рамките на Австро-унгарската монархија, следело подобрување на состојбата на универзитетот. Во меѓувреме, името било сменето во Јагелонски универзитет - назив кој останува во употреба и денес. За време на овој, втор период на слава на универзитетот, научни истражувања спроведувале, меѓудругите: Карол Олшевски, Зигмунт Вроблевски, Наполеон Цибулски, Тадеуш Брович, Маријан Смолучовски, Леон Марчлевски, Владислав Натансон, Казимир Жоравски и Станислав Заремба. Од хуманитарните науки, водечки претставници биле Михал Бобрзињски, Јозеф Шујски, Станислав Смолка, Казимир Моравски, Франциск Пиекосињски, Едмунд Кжимуски, Јан Бодуин де Куртнеј, Фредерик Зол, Станисав Врублевски.

Студентски индекс на Филозофскиот факултет од 30-тите 20 век. Вреди да се обрне внимание на доминантниот латински јазик.

На почетокот на 20 век, на Јагелонскиот универзитет студирале околу 3.000 студенти, вклучувајќи ги и првите жени, на кои им било дозволено да започнат студии дури во 1894 година, прво на Фармацевтскиот факултет, а подоцна и на другите факултети. Сепак, легендарната прва студентка останува Навојка, која наводно се маскирала како маж.

До почетокот на 20 век, политиката на Јагелонскиот универзитет ја одредувале конзервативците. На почетокот на векот, националистите, социјалистите, селските активисти и во помала мера христијанските демократи, исто така, добиле свое влијание. Споровите меѓу левичарите и десничарите во врска со присуството на свештенството на универзитетот биле причина за штрајк во 1910 и 1911 година.

Меѓувоен период

Јагелонскиот универзитет, околу 1927–1939 година

Откако Полска ја вратила својата независност, Јагелонскиот универзитет бил најважниот од петте полски универзитети што постоеле во тоа време (покрај Јагелонскиот универзитет, втор полски универзитет познат по своето ниво на наука од светски размери бил унивезитетот во Лавов). Во тој период, Универзитетот Стефан Батори и Универзитетот во Варшава биле повторно активирани, а биле основани и Католичкиот универзитет во Лублин и Универзитетот во Познањ. Професорскиот кадар на овие универзитети во голема мера бил подржан од универзитетите во Краков и Лавов.

Во 1922 година за прв пат, жена одбранила хабилитација на Јагелонскиот универзитет, а во 1927 година и за прв пат жена била вработена како предавач [14].

За време на меѓувоениот период, универзитетот бил проширен, следела изградбата на нова зграда на Јагелонската библиотека. Сепак, политичките спорови и економската криза не го поштедиле и универзитетот. Имало судири меѓу претставници на различни студентски групи. Универзитетскиот сенат протестирал против некои од активностите на владата, како: ограничување на автономијата на високообразовните институции. Кризата на јавните финансии во 1930-тите довела до ликвидација на неколку одделенија. Во 1936 година, претседателот Игнаци Мошчицки, на Јагелонскиот универзитет му го доделил Витешки крст на Орден на преродбата на Полска „за бесценетите достигнувања на полето на полската наука, негувањето на историските традиции и патриотското образование на многу генерации постигнати во текот на неговото постоење низ вековите“. Во учебната 1937/38 година, на сите универзитетски факултети бил воведен принципот numerus clausus за студенти од еврејско потекло, со што нивниот број бил ограничен на приближно 10% од вкупниот број студенти. Во учебната 1938/39 година ниту едно лице со еврејско потекло не било примено на факултетите по медицина и фармација.

Во овој период се појавиел славни научници, меѓудругите: математичарите Тадеуш Баначиевич, Тадеуш Важевски и Францишек Леја, физичарот Владислав Натансон, лингвистите Јан Михал Розвадовски, Јан Лош, Кажимјеж Нич и Тадеуш Лех-Сплавински, како и претставнивници на други науки: Рафал Таубеншлаг, Адам Кжижановски, Тадеуш Синко, Роман Дибоски и Владислав Конопчињски.

Втора светска војна

Избувнувањето на војната бил најтешкиот период во историјата на универзитетот. На 6 ноември 1939 година, окупаторите под изговор за предавање, поканиле 144 универзитетски професори и асистенти, кои всушност биле уапсени и испратени во концентрационен логор. За време на оваа акција, вкупно 183 лица биле уапсени, вклучувајќи професори и вработени на Универзитетот за наука и технологија АГХ. Многу од нив успеале да преживеат. Но сепак, 34 универзитетски професори загинале помеѓу 1939 и 1945 година, вклучувајќи ги и оние што биле масакрирани во Катин од руска страна. За време на војната универзитетот бил затворен, а неговата опрема уништена. И покрај тоа организиран бил Таен Јагелонски универзитет, на кој се одржува настава на која учествувале околу 900 студенти. Ректор на тајниот универзитет бил професорот Владислав Сафер. Предавањата ги воделе 140 научници. Во овој период, два значајни документи од 1364 и 1400 година, складирани во Колегиум Новум, биле уништени, некои досиеја за основање и стипендии биле изгубени, а универзитетот изгубил и многу материјали кои датирале од 30-тите на 20 век.

За време на Народна Република Полска

Универзитетските предавања биле обновени еден месец по завршувањето на окупацијата на Краков. Научниците од Лавов и Вилнус, принудени од страна на Советскиот Сојуз, пристигнале во Краков. Повоената радост завршила со доаѓањето на сталинизмот. НРП ја презела контролата врз универзитетот и отстраниле некои бунтовни професори. Неколку факултети биле затворени, а на нивно место создадени нови високообразовни училишта (Земјоделска академија, Академија за физичко образование, Медицинска академија ), секако ликвидиран бил и Теолошкиот факултет. Некои професори, заедно со Роман Ингарден, биле избркани од универзитетот. Комунистичките власти ја укинале и автономијата на универзитетот.

И покрај сериозното попречување на истражувањето во тоа време, следните научници сè уште биле активни: Станислав Пигон, Јулиус Клајнер, Хенрик Ниеводничањски, Јан Дабровски, Владислав Сафер, Владислав Волтер, Јан Стефанзуман, Јан Гвиаздоморски. На подоцна одвоениот Теолошки факултет студирал Карол Војтила (подоцна папа).

Полската Октомвриска револуција во 1956 година ја подобрила ситуацијата на универзитетот. По повод 600-годишнината од основањето на Јагелонскиот универзитет, биле изградени многу нови универзитетски згради. За време на прославата на 600-годишнината од основањето на универзитетот, на 12 мај 1964 година, Владислав Гомулка на ректорот проф. Казимир Лепши му врачил одликување Голем крст на Орден на преродбата на Полска, доделен на Јагелонскиот универзитет од страна на Државниот совет „за извонредни достигнувања во развојот на полската наука“.[15] Во 1968 година, по студентските штрајкови, неколку професори со еврејско потекло го напуштиле Краков.

По 1989 година

По политичките промени, универзитетот во голема мера ја вратил својата автономија. Во 1993 година, Колегиум Медикум бил вратен, а до 2004 година Јагелонскиот универзитет бил единствениот универзитет во Полска со медицински факултет. Универзитетот отпочнал соработки на меѓународно ниво, станувајќи член на групата Коимбра, која ги обединува најстарите универзитети на европскиот континент, како и на Европската асоцијација на универзитети, мрежата на Утрехт, мрежата IRUN и асоцијацијата Еуропеум.[16] Високиот квалитет на наставата и истражувањето го потврдуваат независните универзитетски рангирања.

Веќе десетина години се гради нов универзитетски кампус во населбата Ручај, таканаречениот Трет кампус, кој треба да ја смести најновата научна и технолошка инфраструктура и каде се сместени нови згради на факултетите за природни науки, како и Факултетот за менаџмент и социјални комуникации, кој е седиште, меѓу другото, на радио станицата УЈОТ фм. Во 2014 година таму бил отворен Малополскиот центар за биотехнологија [17].

Со резолуција од 18 декември 2013 година, Сенатот на Република Полска одлучил да ја прогласи 2014 година како Година на големиот јубилеј на Јагелонскиот универзитет.

Основни статистики

Ранкинг
Ранкинг 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022 2023 2024 2025
Perspektywy[18] 2 1 1 2 2 1 1 2 1= 2 1= 1= 2 1 1 2 1= 2
QS World[19] 401–450 376= 371= 411–420 431–440 461–470 411 338 326 309= 293= 304= 312=
Times[20] 301–350 351–400 601–800 601–800 601–800 601–800 601–800 501–600 501–600 601–800 601–800
ARWU 401–450[21] 302–403[22] 301–400[23] 301–400[24] 305–402[25] 303–401[26] 303–401[27] 303–400[28] 301–400[29] 301–400[30] 301–400[31] 301–400[32] 301–400[33] 401–500[34] 401–500[35] 401–500 301–400[36] 401–500[37] 401–500[38] 401–500[39] 401–500[40]
CWUR 479[41] 451[42] 429[43] 421[44] 381[45] 362[46] 375[47] 376[48] 381[49] 383[50] 386[51]

Во рангирањето на високообразовните институции за 2012, 2013 и 2015 година од „Перспетиви“ и „Речпосполита“, Јагелонскиот универзитет бил избран за најдобар универзитет во Полска [52]. Универзитетот бил рангиран на 41 место во рангирањето на 100-те најдобри академски институции во развој на британскиот неделник „Тајмс Хајер Еџикејшн“ [53]. Според глобалното рангирање, Јагелонскиот универзитет бил рангиран помеѓу 401-во и 450-то место [54] (Универзитетот во Варшава е класифициран на 344-та позиција) [55], додека во Центар фор ворлд Јуниверсити Ранкингс (Center for World University Rankings) бил рангиран на 429-то. место [56]. Во глобалното Шангајско рангирање бил позициониран на местата 401–500 [57].

Според рангирањето на светските универзитети на Вебометрикс од јануари 2015 година, кое ја покажува вклученоста на академските институции на Интернет, универзитетот го зазема првото место во Полска, а помеѓу сите универзитети во светот, е на 287 место [58].Статистика за бројот на студенти низ историски аспект [59]

Академска година Семестар I Семестар II
1860/1861 година 274 240
1870/1871 година 621 561
1900/1901 година 1406 година 1255 година

Актуелни статистики [60]

  • број на факултети: 16
  • број на смерови: 166
  • број на специјализации: 149
  • број на студенти:
    • вкупно: 33794 (вклучувајќи го и Колегиум Медикум) [60]
      • редовни и вонредни студии: 33.014
      • Постдипломски студии: 2052
      • Докторски студии: 1687
      • странски студенти (податоци за 2013 година): 1615
  • број на вработени (од 27 декември 2023 година [6] ):
    • вкупно: 8838
      • академски наставници: 4821
      • вработени кои не се академски наставници: 4017

Факултети

  • Факултет за биохемија, биофизика и биотехнологија
  • Биолошки факултет
  • Хемиски факултет
  • Филолошки факултет
  • Филозофски факултет
  • Факултет за физика, астрономија и применети компјутерски науки
  • Факултет за географија и геологија
  • Факултет за историја
  • Факултет за математика и компјутерски науки
  • Факултет за полски литература и книжевност
  • Правен и Административен факултет
  • Факултет за меѓународни и политички студии
  • Факултет за менаџмент и социјална комуникација
Колегиум Медикум - најстарото медицинско училиште во Полска.
  • Медицински факултет
  • Фармацевтски факултет
  • Факултет задравствени науки

Mеѓуресорски и заеднички институции

  • Архива на Јагелонскиот универзитет
  • Јагелонската библиотека
  • Библиотека на Медицинскиот колеџ на Универзитетот Јагелонија
  • Јагелонската универзитетска библиотека за природни науки
  • Центар за истражување на квантитативни политики (CBIP)
  • Центарот за извонредност на академската настава – Арс Доценди УЈ
  • Центарот за едукација за животна средина на Јагелонскиот универзитет
  • Јазичен центар за медицински колеџ на Јагелонија
  • Центар за интердисциплинарни студии Коперник
  • Центар за развој на интегрирани системи
  • Центар за трансфер на технологија (CITTRU)
  • Центар за далечинско учење
  • Јагелонски центар за африкански студии
  • Јагелонскиот центар за интердисциплинарни културни истражувања
  • Јагелонски јазичен центар (JCJ)
  • Јагелонскиот центар за развој на лекови
  • Јагелонскиот центар за миграциски студии
  • Јагелонскиот универзитет од третото доба
  • Малополски центар за биотехнологија
  • Медицински центар за постдипломско образование на Јагелонскиот универзитет
  • Интерфакултетски индивидуални хуманистички студии
  • Национален центар за синхротронско зрачење „Соларис“
  • Полски истражувачки центар на Јагелонскиот универзитет во Лондон
  • Математички и природни науки студии
  • Педагошки студии
  • Студија за физичко образование и спорт на Јагелонскиот универзитет
  • Студија за физичко образование и спорт на Медицинскиот колеџ на Универзитетот Јагелонија

Дополнително функционираат:

  • Краковскиот академски хор на Јагелонскиот универзитет
  • Јагелонскиот универзитетски колеџ

Музеи

Јагелонскиот универзитет води 10 музеи кои презентираат збирки поврзани со историјата на универзитетот и некои од неговите факултети, како и збирки на експонати од избрани области собрани во текот на вековите од научници од Краков. Највредните збирки се наоѓаат во Музејот на Јагелонскиот Универзитет, кој се наоѓа во историската зграда на Колегиум Маиус. Таму меѓу другото може да се види: Јагелонскиот глобус, еден од првите глобуси каде бил претставен новиот континент - Америка, инструментите што ги користел Никола Коперник, дрвена скулптура на кралот Казимир Велики од 14 век и многу други вредни експонати.

Останатите музеи:

  • Музеј на историјата на Универзитетот и науката при Колегиум Маиус
  • Музеј на фармација на Медицинскиот факултет на Јагелонскиот универзитет
  • Музеј на анатомија Медицинскиот факултет на Јагелонскиот универзитет
  • Музеј за анатомопатологија на Медицинскиот факултет на Јагелонскиот универзитет
  • Музеј на Медицински факултет
  • Природонаучниот образовен центар [61] (првично Природонаучниот музеј; во процесот на формирање) – се гради во новиот кампус. Кој треба да созджи 5 посебни музеи кои работат во рамките на Факултетите за биологија и географија и геологија:
    • Музејот на историјата на градините и ботаниката на Јагелонскиот универзитет во ботаничката градина
    • Палеоботаничкиот музеј на Јагелонскиот универзитет во Ботаничката градина
    • Геолошки музеј на Јагелонскиот универзитет
    • Зоолошки музеј на Јагелонскиот универзитет
    • Антрополошки музеј на Јагелонскиот универзитет

Кампуси и универзитетски згради

Јагелонскиот универзитет има четири посебни кампуси и повеќе катедри распоредени на различни страни низ Краков, надвор од кампусите.

Кампус I

Јагелонскиот универзитет користи над 100 обиекти низ градот. Најстарите универзитетски згради се наоѓаат во Стариот град, во неговиот западен дел, на улиците Голебија, Св. Ана и Јагелонска. Тука се наоѓа и Колегиум Новум, изграден во 1887 година, кој е седиште на универзитетските власти: ректорот и деканите. Изграден е во близина на најстарата универзитетска зграда во Полска, Колегиум Maius, кој бил професорска катедра од 1400 година, а сега таму се наоѓа Универзитетскиот Музеј. Неколку објекти се наоѓаат во други делови на Стариот град, на улицата Гроцка и главниот плоштад на Краков.

Фотографија Име Датум на основање Адреса
Колегиум Маиус XV, XVI, XIX век

1948–64[62]

ул. Св. Ана 8–10 и Јагелонска 15
Колегиум Минус XV–XX век[62] ул. Голебија 11
Колегиум Луридикум XV, XVII, 1721год., XIX век[62] ул. Гроцка 53
Колегиум Новум 1883–1887[62] ул. Голебија 24
Колегиум Бросианум почет. XVII, XIX век[62] ул. Гроцка 52-54
Колегиум Новодворскего 1639–43, 1786, 1855[62] ул. Св. Ана 12
Колегиум Витковскего

(поранешен Колегиум Физикум)
1911–1913[62] ул. Голебија 13
Колегиум Ковонтаја

(т.н. Колегиум Физикум)
1786–1791, 1825–1836, 1850–1853[62] ул. Св. Ана 6
Колегиум Вроблевскего

(т.н.. Колегиум Кемикум

или Колегиум Олшевскего)
XVII, 2 половина XIX век[62] ул. Олшевски 2
Колегиум Ополске XV/XVI, XVIII век, 1891[62] ул. Голебија 16
Кралскиот Арсенал 1643, XVIII–XX век[62] ул. Гроцка 64
Палата Лариш XV, XVIII век, 1815[62] пл. Сите Светци 6

Кампус II

Група на објекти изградени на улиците во близина на Јагелонската библиотека, недалеку од комплексот згради на емјоделскиот универзитет и Универзитетот за наука и технологија АГХ. Големот аудиториум се наоѓа на улицата Крупница, со предавална за над 1.000 луѓе.

Фотографија Име Датум на основање Адреса
Катедра Падеревианум 1964 [63] ал. Мицкевиц 9
Малата катедра Падеревианум ул. Мицкевиц 11
Катедра Падеревианум II 2013-2015 [64] ул. Крупница
Катедра Санок 1882-1883 [62] ул. Батори 12
Геолошка Катедра 1962 [65] ул. Олеандер 2а
Шлезиски колеџ 1926 година ул. Мицкевиц 3
Голем аудиториум 2003-2005 [66] ул. Крупница 33

Кампус III

  • Зградите на кампусот III изградени по повод 600-годишнината од обновувањето на Јагелонскиот универзитет се наоѓаат во областа VIII на улиците Лојасевица и Гроностајова.

Објекти надвор од кампусот

Универзитетот има капацитети распоредени низ градот, вклучувајќи ги:

  • Замокот во Пжегоржали, каде што се наоѓа Институтот за европски студии на Јагелонскиот универзитет
  • Астрономска опсерваторија
  • Палатата Пусловски во Краков
  • Гостински куќи на Јагелонскиот универзитет во Пжегоржали, на улиците Флоријанска и Пилсудски
  • Куќи на професори од Јагелонскиот универзитет на: ал. Мицкиевич, ал. Словацки, плоштад на Инвалидите, ул. Локиетка.

Студенти и апсолвенти

Луѓе од науката и културата
Кралеви

Јан III Собиески

Папи

Карол Војтила

Претседатели на Република Полска

Анджеј Дуда

Премиери на Полска
Премиери на други земји

Казимир Бадени (Австрија)

Професори

Меѓу угледните професори кои предавале на Јагелонскиот Универзитет биле:

  • правникот Павел Влодкович,
  • лекарот и историчар Мачиеј Миеховита,
  • историчарите Јозеф Шујски, Михаил Бобржински и Владислав Конопчињски
  • како и филозофот Роман Ингарден.

Управа

Властите на Јагелонскиот универзитет во мандатот 2024–2028 година [67] :

  • ректор : проф. д-р хаб. Пјотр Јединак
  • Проректор за настава: проф. д-р хаб. Пол Лејдлер
  • Проректор за Медицински факултет: проф. д-р хаб. Мачеј Тадеуш Малецки
  • Проректор за развој: проф. д-р хаб. Бартош Брозек
  • Проректор за кадровска и финансиска политика: проф. д-р хаб. Јоана Залевска-Галош
  • Проректор за наука: проф. д-р хаб. Војчех Мацик
  • Проректор за меѓународна соработка: проф. д-р хаб. Јарослав Горнијак

Наводи

  1. „Statut Uniwersytetu Jagiellońskiego uchwalony przez Senat Uniwersytetu Jagiellońskiego w dniu 29 maja 2019 roku“.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 „Tradycja i współczesność“. Архивирано од изворникот на 2008-02-01. Посетено на 2025-03-30.
  3. 3,0 3,1 Odnowienie fundacji Uniwersytetu w Krakowie – Muzeum Historii Polski (полски), Архивирано од изворникот на 2020-07-28, Посетено на 2025-03-30
  4. Leszczyński, Adam (2022-11-27). „Cięli żyletkami, bili laskami. Minęło 85 lat od wprowadzenia getta ławkowego na polskich uczelniach“. W petycji, która się zachowała w archiwum Uniwersytetu Jagiellońskiego, zawierającej dziesiątki podpisów polskich studentów chrześcijan, mówi się wprost, że tak naprawdę chodzi o to, żeby Żydów na UJ w ogóle nie było.
  5. Mrzygłód, Iza (15 listopada 2022). „Getto ławkowe. Co i jak pamiętać? [Aneks historyczny]“. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  6. 6,0 6,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име stat.
  7. Ranking Szkół Wyższych Perspektywy 2021 (полски)
  8. Domański, Ogonowski & Szczucki 1989.
  9. Mało znane początki UJ (полски), 2016-07-26 Занемарен непознатиот параметар |inventor= (help)
  10. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име rau.
  11. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име prz.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 Chamcówna 1965.
  13. Karbowiak 1893.
  14. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име pol.
  15. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име now.
  16. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име uj.
  17. Strzałka, Kazimierz (2015). „Małopolskie Centrum Biotechnologii Uniwersytetu Jagiellońskiego. Geneza powstania, sposób funkcjonowania i znaczenie dla koncepcji Uniwersytetu badawczego“. Zagadnienia Naukoznawstwa. 3 (205): 380. ISSN 0044-1619.
  18. Ranking Szkół Wyższych Perspektywy 2024 (полски)
  19. Jagiellonian University (англиски)
  20. Jagiellonian University (англиски), 2024-05-01
  21. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  22. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  23. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  24. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  25. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  26. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  27. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  28. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  29. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  30. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  31. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  32. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  33. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  34. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  35. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  36. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  37. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  38. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  39. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  40. ShanghaiRanking’s Academic Ranking of World Universities
  41. CWUR 2014 | Top Universities in the World
  42. CWUR 2015 | Top Universities in the World
  43. CWUR 2016 | Top Universities in the World
  44. CWUR 2017 | Top Universities in the World
  45. World University Rankings 2018-19
  46. World University Rankings 2019-20
  47. World University Rankings 2020-21 | CWUR (англиски)
  48. Best Universities in Poland in 2021-2022 | CWUR (англиски)
  49. World University Rankings 2022-23 | Global 2000 List | CWUR (англиски)
  50. World University Rankings 2023 | Global 2000 List | CWUR (англиски)
  51. World University Rankings 2024 | Global 2000 List | CWUR (англиски)
  52. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име per2.
  53. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tvp.
  54. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tu1.
  55. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име tu2.
  56. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име cwur.
  57. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име shr.
  58. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име wm.
  59. Banach 1997.
  60. 60,0 60,1 Statystyki – Uniwersytet Jagielloński
  61. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име miduj.
  62. 62,00 62,01 62,02 62,03 62,04 62,05 62,06 62,07 62,08 62,09 62,10 62,11 62,12 NID.
  63. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ifauj.
  64. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име urb1.
  65. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име inguj.
  66. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име urb2.
  67. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име władze.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya