Јајце со подвижни минијатури (Фабержеово јајце)
Јајце со подвижни минијатури — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1896 година. Било создадено за царицата Александра Фјодоровна. Моментално јајцето се наоѓа во Музејот на современа уметност во Вирџинија.[1] ДизајнЈајцето било создадено од Михаил Перхин, вработен во работилницата Фаберже, додека минијатурите биле дело на Јоханес Ценграф.[1] Високо е околу 248 мм на својот постамент со пречник од 98 мм.[2] Надворешната покривка е од кварц опкружена со зелено емајлирано злато надополнето со дијаманти. На врвот на јајцето е 27 каратен сибирски смарагд надополнет од зелено емајлирано злато. Овој смарагд во кабошон стил е еден од најголемите скапоцени камења кои Фаберже ги користел во било кое од царските јајца.[3] Основата на јајцето е на подножје од кварц. Основата се состои од обоено емајлирано злато обиколено двапати со избрусени дијаманти како рози. Има монограми на царицата. ИзненадувањеВо ова јајце постојат дванаесет минијатурни слики. Сликите се различни дворци значајни за царицата. Секое место има специјална место за Никола и Александра во нивните први денови. Кога ќе се притисне големиот смарагд на врвот се вклучува механизам кој ги ротира минијатурните слики во јајцето. Кука оди надолу и ги повлекува врамените слики како страници од книга, па така само две слики може целосно да се видат во исто време.[1] Секоја минијатура е врамена во злато со смарагд на врвот. Местата на сликите се:
ИсторијаЈајцето било подарено од Никола II на Александра Фјодоровна на 24 март 1896 година.[1] Во 1909 година, јајцето било сместено во Зимскиот дворец. Јајцето било одземено од Привремената руска влада и преместено во Оружениот замок во Кремљ во Москва заедно со околу 40 други јајца. Во 1930 година, ова јајце било едно од десетте продадени на Галерии Хамер од Њујорк за 8.000 рубљи или околу 4.000 американски долари. Во 1945 година јајцето било последно од петте царски велигденски јајца купени од Лилијан Томас Прат, жена на извршниот директор на Џенерал Моторс, Џон Ли Прат. По смртта на Лилијан Томас Прат во 1947 година, јајцето било подарено на Музејот на современа уметност во Ричмонд, Вирџинија.[4] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia