Воено челично јајце (Фабержеово јајце)
Воено челично јајце – јувелирно јајце, едно од педесет и двете велигденски царски Фабержеови јајца, изработени од фирмата Фаберже на Карл Фаберже за руското царско семејство. Било направено во 1916 години по нарачка на царот Николај II и подарено на Велигден на неговата сопруга, царицата Александра Фјодоровна. Денес јајцето се наоѓа во Палатата на оружјето во Москва и е едно од ретките Фабержеови јајца кои останале во Русија[2]. ДизајнЈајцеЈајцето има прецизен облик: челикчелично блескаво тело разделено со две хоризонтални линии на три дела. Во центарот изработен од злато се наоѓа грбот на Руското Царство, Свети Ѓорѓи Победоносец, дата „1916“, окружени со лаворов венец и монограм на Александра Фјодоровна. Јајцето е крунисано со златна царска круна. Подножјето е изработено од жад со златни работи на кое на аглите се разместени четири челични гранати.[3]. ИзненадувањеВнатре во јајцето се наоѓа штафелај со акварелна минијатура. На минијатурата се насликани царот Николај II и царчето Алексеј на позиција на руските трупи. Во горниот дел поставен е орден на Свети Георги со лена. Самиот штафелај е стилизиран како монограм на Александра Фјодоровна [3]. Изненадувањето е високо — 65 мм[2]. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia