Момини солзи (Фабержеово јајце)За растението, видете Момина солза.
Момини солзи — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направени од страна на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство. Било изработено и доставено во 1898 година од ателјистот на Фаберже, Михаел Перхин. Тоа е едно од двете јајца во југендстил (другото е Темјанушки). Јајцето било направено во чест на царицата Александра Фјодоровна. Моментално е поседувано од еден од руските олигарси, Виктор Векселберг, а е чувано во Фабержеовиот музеј во Санкт Петербург, Русија. ДизајнЈајцето е покриено со бисери и на врвот има розов емајл. Јајцето има постолје од зелено-златни ливчиња со обработени дијаманти. Златните момини солзи имаат зелени емајлирани ливчиња и цвеќиња направени од злато нафрлени со рубини, бисери и дијаманти.[1] ИзненадувањеИзненадувањето на ова јајце е подигнато над јајцето со вртење на копче од златен бисер. Кога целосно ќе се крене, видливи се три портрети под царската круна поставена со рубин: царот Никола II и неговите две најстари ќерки, големата војвотка Олга и големата војвотка Татјана, насликани на слонова коска од Јоханес Ценграф. Портретите се врамени во розови дијаманти и поткрепени со златни панели на кои е впишан датумот 31 јули 1898 година. ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia