Портрети на Александар III (Фабержеово јајце)
Портрети на Александар III — Фабрежеово јајце познато и како Дванаесетте иницијали, е скапоцено Велигденско јајце направено под надзор на рускиот изработувач на накит Карл Фаберже во 1896 година за царот Николај II.[1] Бил поклон од Николај II до неговата мајка, царицата вдовица Марија Феодоровна. Ова јајце е второто Фабрежеово јајце подарок од Николај II на својата мајка како Велигденски подароок. Ова јајце е едно од четирите кои се изработени во спомен на царот Александар III. Останатите три кои недостигаат се Ампир (1902) и Сеќавање на Александар III (1909) и Коњанички споменик на Александар III (1910).[2] Моментално јајцето се чува во Хилвудскиот музеј во Вашингтон, како дел од збирката на Мерџори Мериведер Пост.[3] ОписСекој раб од јајцето содржи кириличен натпис од Александар III и Марија Феодоровна, украсено со дијаманти, поставени зад темносиниот емајл украсен од црвено-златно, розови брусени дијаманти, портретни дијаманти и виолетови линии. Прекриено е од шест рабови секој одделен со пруги изработени од брусени розови дијаманти уктрасени со царската круна и царските иницијали (МФ) „Марија Феодоровна“ и (АIII) „Александар III“. Секој монограм се појавува шестпати, при што иницијалите на Марија се појавуваат во горната половина на јајцето додека пак на долната страна се иницијалите на Александар III. Долг период, за ова јаце се мислело дека е подарок за 25 годишницата од бракот на Александар III и Марија Феодоровна во 1892 година. Исто така погрешно се верувало дека е царско Велигденско јајце од 1895 година. ПрепознавањеПрвично се сметало дека е исчезнато јајце од 1895 година како дел од низата јајца на Марија Феодоровна. Сепак, по повторното откривање во 2012 година на Третото царско јајце од 1887 година, прикажано на светот во март 2014 година, и придодавањето на Златноto јајце со часовник како царско Велигденско јајце од 1895 година, стана јасно дека јајцето кое недостасува е царското Велигденско јајце препознаено како Портрети на Александар III мора да е истото јајце со Дванаесетте иницијали од 1896 година.[4][5][6] Ова јајце денес се чува во Хилвудовиот музеј во Вашингтон. Оваа теорија денес е целосно признаена и прифатена од Хилводувиот музеј. ИзненадувањеИзненадувањето од ова јајце недостасува. Се верува дека ова јајце содржело шест минијатури на Александар III исцртани на слонова коска и украсени со сафири. Наводи
Дополнителна литература
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia