Кошница со цвеќиња (Фабержеово јајце)
Кошница со цвеќиња[забелешка 1] - скапоцено емајлирано велигденско јајце изработено под надзор на рускиот јувелир Петар Карл Фаберже во 1901 година. Јајцето е направено за Николај II, кој ѝ го поклонил на својата сопруга, царицата Александра Фјодоровна.[2][3] ОписЈајцето го изработил еден од работниците на Фаберже, но името на работникот не било запишано и самото јајце не носи знаци на производителот или други обележја за неговото производство, што во еден момент довело до сомневања во врска со неговата автентичност. Јајцето е дизајнирано како кошница во форма на јајце од гијоширана острига од позлатено сребро, со букет од цвеќиња од Philadelphus coronarius, паричиња, синолички, кали, метличини, утрински цвеќа и овес, на чија предна страна со дијаманти е напишана годината на производство - 1901. Јајцето стои на син емајлиран пиедестал (не е оригиналот - оригиналниот бел емајл најверојатно бил оштетен за време на Руската револуција и бил заменет / повторно емајлиран со сегашната сина боја) и над него е поставена рачка од злато и дијаманти. Базата и јајцето исто така се украсени со дијамантска мрежа.[3] ИсторијаИако постоењето на јајцето е јасно од неговата изработка, неговата автентичност како „царско“ јајце (т.е. јајце од фабриката на Фаберже и наменета како велигденски подарок за жената на царот или за неговата мајка), некое време имало сомнеж во истото. На почетокот на 1949 година, некои авторитети почнале да го идентификуваат јајцето како нецарско творба на Фаберже; потоа, во 1979 година, други авторитети почнале да тврдат дека тоа е дело на друг златар, Бушерон од Париз, кој го имитирал Фаберге. Во 1991 година експертите конечно се согласиле дека ова јајце е навистина велигденскиот подарок на Николај II на неговата сопруга, и дека било изработено за таа цел од страна на куќата Фаберже, и со тоа истото официјално се смета за царско јајце. ИзненадувањеАко јајцето имало изненадување (како што сите Фабержеови јајца) не постои добар запис за тоа што било истото, и ниедно не опстанало со тековното јајце. Не е познато што станало со изненадувањето или кога и како истото било изгубено. СопственостВо 1933 година јајцето било продадено од Антикваријат (советска институција), веројатно на Емануел Сноуман од лондонските дилери на антиквитети Вартски, го купила Марија од Тек и во 1953 година го наследила кралицата Елизабета II. Тоа е дел од Кралската колекција.[2] ПоврзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia