Златно јајце со часовник (Фабержеово јајце)
Златно јајце со часовник — царско Фабержеово јајце, едно од низата од педесет и две украсени јајца направено од страна на Август Холмстрем под водство на Петар Карл Фаберже за руското царско семејство во 1887 година. Било изработено и доставено на тогашниот цар на Русија, Александар III, кој го подарил на својата сопруга Марија Фјодоровна на Велигден 1887 година. Јајцето било создадено во стил на Луј XVI и се состоело од 18 каратна златна кутија потпрено на златен прстен со брановити украси поставена на три нозе кои завршуваат како лавји шепи. На овие нозе се фестони од рози и ливчиња направени од различни обоени златни легури и во средината на секоја страна со овални сафири. Над секој сафир има златна машна украсена со низа ситни дијаманти, а на предната страна на јајцето има еден поголем дијамант.[1] Јајцето било изгубено со години, но повторно било откриено во 2012 година.[2] Повторното откривање на ова јајце било јавно објавено во повеќе статии од весниците во 2014 година. ИзненадувањеЧасовник од 14 каратно златно со бел емајл и дијамант. Изложби
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia