Катерина Велика (Фабержеово јајце)
Катерина Велика – јувелирно јајце, едно од педесет и четирите велигденски царски Фабержеови јајца, изработени од фирмата Фаберже на Карл Фаберже за руското царско семејство. Истото ѝ било подарок во 1914 година на царицата-мајка Марија Фјодоровна од нејзиниот син царот Николај II, кој имал отворена нарачка за две велигденски јајца секоја година, едно за неговата мајка и едно за неговата сопруга. Јајцето го изработил Хенрик Вигстрем, „последниот главен мајстор на Фаберже“. Јајцето било изработено од злато и дијаманти поставено на шепи со канџи презентира панели од емајл обоени во камео стил со минијатурни алегорични сцени од уметностите и науките заснована на францускиот уметник Франсоа Буше. Во писмото до својата сестра кралицата Александра од Англија, царицата-мајка го опишала јајцето:[1]
Изненадувањето на јајцето, опишано и како „механичка носилка која ја носат двајца црномурести со Катерина Велика која седи во неа, било изгубено.[2] Тоа е дел од колекцијата Марџори Мериведер Пост во музејот Хилвуд во Вашингтон.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia