Бонбониера (Фабержеово јајце)
Јајцето Бонбониера е едно од фабержеовите јајца создадено во работилницата на Петер Карл Фаберже за богатиот руски индустријалец Александар Келх кој и го подарил на својата сопруга како велигденски подарок во 1903 година. Бидејќи не бил подарок од руски император кон неговата императорка, не се смета за "императорско" фабержеово јајце, туку, во овој случај, се нарекува едно од седумте "келхови" јајца. Тоа е шесто јајце во оваа низа.[1] Bonbonnière (бонбониера) е кутија за слатки (букв. носач на бонбони) на француски. Изработено е од злато, дијаманти, халкедон, бисери, проѕирен бел емајл, кадифе. Минијатурната кутија со изненадување внатре во главната кутија/јајце е изработена од ахат и украсена е со камења од исечен брилијант и кабохонов рубин. Во внатрешноста има приврзок од злато и емајл.[2] Надови
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia