Јоаникиј II Цариградски
Јоаникиј II Цариградски — Вселенски патријарх во четири наврати во периодот од 1646 до 1656 година. ЖивотЈоаникиј по потекло бил од Линдос град на островот Родос. Тој бил назначен за митрополит на Ганос и Хора во 1624 година од страна на патријархот Кирил I и во 1636 година тој станал митрополит на Ираклеа. Поддржан од молдавскиот војвода, Васил Лупу, бил избран како патријарх за првпат на 16 ноември 1646 година.[1] Низ XVII век било вообичаено поради интригите и кавгите во христијанската заедница и Светиот синод предизвикувал брзи промени и повторни поставувања на патријарси: од 1595 до 1695 имало шеесет и една промена и триесет и еден патријарх.[2] Овие чести промени биле охрабрувани од страна на османските власти кој добивале парични средства за секое назначување. Јоаникиј исто така бил сменуван и назначуван неколкупати: бил разрешен на 28 октомври 1648 оа оивтирно поставен во јуни 1651 па сменет во јуни 1652, и повторно бил патријарх во периодот од април 1653 до март 1654и од март 1655 до јули 1656 година.[3] Во 1654 година бил затворен бидејќи бил главна причина за насобирачките долгови на патријархатот кон Високата порта.[4] По последната промена во 1656 година, бил назначен за епископ на Кеа и Термија, каде се пензионирал и останал до својата смрт во 1659 или 1660 година.[3] Да ја засили својата позиција наспроти своите непријатели, тој побарал поддршка од Австрискиот цар и од Рим. Од оваа причина дозволил католички мисии по бреговите на Црното Море и Кикладите. Но сепак одбил да потпише католички симбол на верата кога било побарано од страна на конгрегацијата за пропаганда на верата, зачувувајќи ја својата кревка позиција.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia