Антим II Цариградски
Антим II Цариградски — Вселенски патријарх во период од неколку месеци во 1623 година. ЖивотАнтим е роден во Цариград во благородничко и богато семејство. Пред а да биде избран за Цариградски патријарх тој бил митрополит во Одрин.[1] Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.[2] Антим II, иако бил политички поддржуван од католичките власти, останал силен и добар православен христијанин.[3] Тој испратил митрополити на Родос, каде Кирил бил привремено протеран, за да го убедат да се повлече на Света Гора, но без успех. Напротив, Кирил, благодарение на поддршката на калвинистичкиот холандски амбасадор се вратил во Цариград и донел лажен документ за кредит од 20.000 грошана име на патријаршијата.[3] Антим не можел да обезбеди толкава сума на пари и бил приморан д се повлече на 22 септември 1623 година.[3]Последователно Кирил повторно начелствувал по третпат. По повлекувањето, Антим се вратил на Света Гора каде починал во 1628 година.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia