Несториј Цариградски
Несториј Цариградски или Нестор (починал околу 451) — цариградски патријарх од 428 до 431 година. Според него е наречено еретичкото движење несторијанство. Во годините пред Ефескиот вселенски собор клучна фигура претставувал Несториј кој, во својство на цариградски архијереј (428), во литургиските беседи ги вклучувал и оние за Марија Човекородица велејќи притоа дека преку нив тој само ја артикулирал нејзината перцепцијата кај паствата[1]. Според него, никаде во Светото Писмо таа не се нарекувала Богородица, и никаде во Светото Писмо не станувало збор за доењето, што било делумно точно бидејќи во Евагелието по Лука (11:27) една жена му вели на Христа: “Блажена нека е утробата што те носела и градите што те доеле”. Во својот антропоцентричен пристап Несториј зборува за две Христови компоненти: природа (ousia) и појавност/персоналност (upostasiV). Тој на Првиот ефески собор (431), поддржан од својот истомисленик Јован Антиохиски, жестоко спорел со противниците, предводени од Свети Кирил Александриски и Прокло Кирикски (Мисиски), подоцна назначен за цариградски владика. Епилогот на диспутот била анатемата на Несториј и неговото учење и исклучувањето на источните епархии на Сирската црква од екуменската целост[2]. Токму во ова време, Свети Кирил Александриски станал осведочен востановувач на доктрината за Богородичиното безгрешно зачетие запишана во неговите омилии “За опонентското кредо на Несториј[3]” Така, на крајот од Ефескиот вселенски собор било решено во корист на Свети Кирил Александриски, а самиот Несториј бил осуден[4] Во наредните месеци биле сменети околу 17 епископи кои го поддржувале Несториј. Под притисок на царот, Јован I Антиохиски го напуштил Несториј во март 433 година. На 3 август 435 година, византискиот цар Теодосиј II издал едикт според кој Несториј бил прогонет во манастир во Египет. Тој таму останал да живее до неговата смрт во 451 година. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia