Јоасаф I Цариградски
Антониј Јоасаф I Кокас (грчки: Ιωάσαφ Α΄ Κόκκας) бил Вселенски патријарх во 1460-те. Точниот датум на неговото владеење е оспорен од научници во периодот од 1462 до 1465. ЖивотАнтониј Кокас веројатно се родил на родители од Западот и станал монарх. Според Лоран[2] и Кимин[3] тој бил избран за патријарх под името Јоасаф I на 1 април 1462, денот по смртта на патријархот Исидор II. За време на неговата патријаршија тој се соочил со проблеми предизвикани од судири со монаси и интриги на грчкото благородништво. Интригата која довела до трагичниот крај на неговата патријаршија го вклучува научникот и политичар Џорџ Амируц, познат по тоа што го убедил царот Давид Комнин да се предаде на Османлиите, кој заедно со целокупното благородништво на поранешното Трапезунтско Царство се преселиле во Истанбул. Џорџ Амируц станал близок со султанот Мехмед II и сакал да се ожени со убавата Мухлиотиза, вдовица од последниот атински војвода Франческо Акчијајоли, и покрај тоа што тој веќе бил оженет и неговата сопруга била сè уште жива.[4] Патријархот Јоасаф одбил да даде дозвола бидејќи тоа било случај на бигамија под канонското право. Џорџ Амируц бил упорен и се обратил на неговиот братучед, големиот везир Махмуд-паша Ангеловиќ, кој се обидел да влијае врз светиот синод за да го оттргнат Јоасаф. Некои научници нудат различни податоци за овие настани. Изреволтиран од одбивањето на Јоасаф за овозможување на бракот на Амируц, султанот Мехмед II наредил патријархот да биде понижен со сечење на неговата брада и исто така го казнил идниот патријарх, Максим III, сечејќи му го носот.[5] Овие настани го довеле Јоасаф во голема депресија која резултирала со неговиот обид за самоубиство: денот на Велигден 1463 (10 април) тој намерно се фрлил во цистерна под Манастирот Богородица Памакаристос.[2] Јоасаф бил спасен, симнат од власт и прогонет во Анхиало,[2] отворајќи го патот на Џорџ Амируц да се ожени со неговата нова жена.[5] Спор за редоследотРедоследот на владеењето на Јоасаф I Кокас е спорен меѓу научниците. Помладите научници, како што е Кимин (2009),[3] Подскалски (1988),[6] Лорен (1968)[2] и Рункиман (1985)[4] го сместуваат владеењето на Јоасаф I Кокас по Исидор II и пред Софрониј I, датирајќи помеѓу април 1462 и Велигден 1463. Други научници, според владиката Геман Сардејски (1933–8)[7] и Грумел (1958)[8], како и официјалниот портал на Вселенската патријаршија,[9] тврдат дека Јоасаф I владеел по Софрониј I и пред Марко II, укажувајќи дека неговото владеење започнало во почетокот на 1465 (или јули 1465) и завршило во првите месеци на 1466 година. Бланше (2001)[10] го сместува почетокот на владеењето на Јоасаф летото 1646 одма по Софрониј. Понатаму, нема спор помеѓу научниците за должината и редоследот на вториот и третиот услов на Генадиј Схолариј кои наводно ги менуваат патријаршиите на Јоасаф и Софрониј. За споредба на главните научни тврдења, погледни го списокот на цариградски патријарси. Белешки
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia