Андреј Амадор
Андреј Амадор Биказакова (шпански: Andrey Amador Bikazakova; р. 29 август 1986 во Сан Хосе) — костарикански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[1] КариераНеговата прабаба од таткова страна е Шпанка, додека неговата мајка е Русинка, имигрант која пристигнала во земјата откако го сретнала и се омажила за неговиот татко, Костариканец. Започнал со велосипедизам на возраст од 20 во 2006.[2] Амадор бил избран да го носи знамето за Костарика на церемонијата за отворање на Панамериканските игри 2011.[3] Најголема специјалност на Амадор е искачувањето, но исто така тој е добар спустач. Тој е првиот Костариканец кој некогаш возел на Тур де Франс. Во 2012, Амадор ја освоил планинската етапа 14 на Џиро д’Италија, каде завршил како 29. во генералниот пласман. Во 2013, завршил на осмото место на Тирено-Адријатико. На Џиро д’Италија 2016, Амадор ја носел розовата маичка по тринаесеттата етапа. Станал првиот Костариканец кој водел на некоја голема трка.[4] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia