Џонатан Кастровјехо
Џонатан Кастровјехо Николас (шпански: Jonathan Castroviejo Nicolás; р. 27 април 1987 во Гечо, Баскија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[1] КариераОткако возел две сезони за послабата екипа на де факто националниот баскиски состав, тој му се придружил на Еускалтел-Еускади во 2010. Првата победа како професионалец ја остварил на Тур де Романди 2011, забележувајќи најбрзо време на прологот од 3,5 километри, победувајќи го светскиот првак под 23 години Тејлор Фини за 0,27 секунди. Резултатот стигнал само еден ден по 24. роденден на Кастровјехо.[2] Неговата вештина за хронометри била релативно необична за возач од Еускалтел-Еускади, бидејќи екипата е позната за лесни возачи со мали способности на хронометрите. Меѓутоа, победата на етапата на Тур де Романди, не била целосен шок - порано во сезоната, Кастровјехо завршил осми на завршниот хронометар на Тирено-Адријатико, надминувајќи ги времињата на Густав Ларсон, Кедел Еванс и Дејвид Забриски, сите познати специјалисти за хронометри.[3] Подоцна, Кастровјехо се покажал солидно и на вториот хронометар на Тур де Романди, завршувајќи деветти на патеката од 20,1 километар, подобар од Марко Пиноти и Жан Кристоф Перо (помеѓу другите), обајцата поранешни прваци во хронометар во своите земји.[4] Кастровјехо преминал во Мовистар Тим за сезоната 2012.[5] Ја носел водечката маичка на Вуелта а Еспања на две етапи, откако неговата екипа победила на воведниот екипен хронометар и прв поминал низ целта, но изгубил два дена подоцна од колегата Алехандро Валверде. Кастровјехо не можел да го следи пеколното темпо поставено од Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) на последното искачување на третата етапа.[6] Во 2015 година, Кастровјехо по вторпат во својата кариера го освоил националното друмско првенство.[7] На 17 август 2017 година било објавено дека Кастровјехо ќе се приклучи на Тим Скај од сезоната 2018.[1] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia