Натпреварите во атлетика на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат во последните 10 дена од игрите, односно од 12-21 август, на Стадионот „Жоао Авеланж“. Атлетиката на Летните олимписки игри 2016 е поделена на: тркачки натпревари, технички натпревари, маратон и натпревари во брзо одење.[1]
Учесници
На 17 јуни 2016, натпреварувачите од Русија добиле забрана за учество на игрите, кога одлуката била едногласно изгласана од страна на ИААФ. Оваа казна е изречена заради скандалот со допинг во Русија.[2][3]
Освојувачи на медали
(СР = светски рекорд, ОР = Олимписки рекорд)
- Мажи
- * Означува спортист, кој настапил само во квалификациите.
- Жени
- * Означува спортист кој настапил само во квалификациите.
Список по земји
Распоред
Тркачките и техничките натпревари ќе се одржат на Стадионот „Жоао Авеланж“, додека натпреварите во брзо одење на полуостровот Понтал и маратонот на Самбодром. Освен натпреварите во брзо одење и маратонот, десет финални тркачки и технички натпревари ќе се одржат во утринските часови, што ќе биде за првпат по 1988. Ваквата одлука била донесена по барање на организацискиот одбор и Олимписката предавателска служба поддржани од Меѓународниот олимписки комитет, што би требало да доведе до најголема гледаност во сите часовни појаси.[4][5]
Во табелите во продолжение, У се однесува на утринскиот дел и В на вечерниот дел од натпреварите.
Распоред на натпревари
Q |
Qualifiers
|
H |
Heats
|
½ |
Semifinals
|
F |
Final
|
Наводи
Надворешни врски