Натперварите во стрелаштво на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро се одржуваат од 6 до 14 август во Национален стрелачки центар во подрачјето Деодоро.[1] На игрите учествуваат највеќе 390 стрелци во вкупно 15 дисциплини. Форматот на натпреварот е сличен на оној во 2012 г. со извесни драстични промени во правилата и напатствијата.
Промени во форматот
На 23 ноември 2012 г. Меѓународниот сојуз за спортско стрелаштво вовел нови правила во натпреварувањето со цел да го направи спортот попривлечен за младите, гледачите и медиумите, како и да се добие што почесна и поотворена игра. Најголемата промена е онаа во финалето за сите дисциплини, каде сите финалисти мора да почеток. Покрај ова, сите финалиња имаат етапа на елиминација додека не се дојде до само двајца стрелци, кои се натпреваруваат за златото и среброто. Воведено е децимално бодување за воздушна пушка и лежечка пушка, одвоени периодите на нишанење и стрелање, ограничена употребата на помошни прекривки и опрема, изменета далечината на фрлените цели во скитот и прилагодени целите во двојниот трап.[2]
Квалификациите за стрелачкитое натпреварувања се слични како оние на минатата олимпијада, со утврден број на учеснички места од земјите чии претставници доволно добро се котирале на светските и континенталните првенства. Според напатствијата на Меѓународниот сојуз за спортско стрелаштво, квалификациите почнале со Светското стрелачко првенство 2014 во Гранада, Шпанија, и завршиле на 19 септември, нешто помалку од две години пред почетокот на олимпијадата.[3][4] Учесничките места начелно се доделени со освојвуање на златен медал во Светскиот куп или најдобро место на Светското првенство или континенталните првенства (Азија, Америка, Африка, Европа и Океанија).
Бразил се нема квалификувано преку првенствата, но има загарантирани места како земја-домаќин на олимпијадата. Nine quota places, however, are reserved to the host nation.[5]