Натпреварите на машкиот турнир се одиграле во Кариока Арена 1, која има капацитет од 16,000 гледачи, додека натпреварите на женскиот турнир се одиграле во Младинската Арена. Ова било прв пат машките и женските олимписки турнири да се играат во повеќе/засебни места.
Земјата домаќин Бразил, не успеала да се пласира во четвртфиналето, како на машкиот така и на женскиот турнир, откако биле елиминирани уште во групната фаза. Три земји во двете категории ги освоиле сите медали: САД (кои ги освоиле двата златни медали), Србија и Шпанија.
Кариока Арена 1, најголема меѓу трите Кариока Арени и Младинската Арена, биле арените што се користеле за кошаркарските турнири.
Кариока Арена 1 била целосно арена-домаќин на машкиот турнир и на нокаут фазата на женскиот турнир, додека Младинската Арена била домаќин само на натпреварите од групната фаза на женскиот турнир.
Квалификации
Од секој Национален олимписки комитет може да учествува по една машка и една женска екипа, составена од 12 играчи.
Домаќинот
Исто како и во 2012 година, на домаќините на Олимписките игри не им било загарантирано учеството на олимписките турнири. На 9 август 2015 година, било објавено дека кошаркарските репрезентации на Бразил во машка и женска конкуренција ќе се натпреваруваат на Олимпискиот турнир во кошарка на игрите во Рио 2016 година, откако Централниот одбор на ФИБА одлучил да им додели автоматски места на состанокот во Токио.[1]