Теквондо на Летните олимписки игри 2016 |
|
Одржувалиште | Арена „Кариока 3“ |
---|
Денови | 17–20 август 2016 |
---|
Натпреварувачи | 128 |
---|
«2012 | 2020» |
Натпреварите во теквондо на Летните олимписки игри 2016 биле одржани од 17 до 20 август 2016 година во Арената „Кариока 3“ во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро. На борилиштата учествувале 128 теквондисти во осум тежински дисциплини; четири за мажи, и четири за жени.[1]
Квалификации
На натпреварите во теквондо на ЛОИ 2016 ќе учествуваат вкупно 128 натпреварувачи, по 64 во двете конкуренции, по 16 во секоја од осумте тежински категории. Еден национален олимписки комитет (НОК) може да испрати најмногу осум натпреварувачи, по 4 во двете конкуренции, врз основа на олимпиското рангирање на Светската теквондо федерација, така што натпреварувач по НОК мора да биде меѓу најдобрите шест во тежинската категорија. Доколку еден НОК квалификувал две женски натпреварувачки и еден машки натпреварувач преку рангирањето, тогаш тој НОК не може да учествува во соодветниот континентлен квалификациски турнир освен ако не се откаже од местата добиени преку рангирањето.[2][3]
Четири места добива земјата домаќин, Бразил, а уште 4 места доделува трипатритната комисија во вид на специјални покани. Преостанатите 120 места се распределуваат преку квалификации во кои натпреварувачите обезбедуваат норма за својот соодветен НОК. Вкупно 48 теквондисти, по 24 во двете конкуренции и најдобрите 6 во секоја тежинска категорија, имаат право да се натпреваруваат преку олимпиското рангирање, додека останатите преку петте континентални квалификациски турнири.[2]
Доколку еден НОК кој се квалификувал преку квалификациски турнир се откаже од своето место, тоа место ќе биде распределено на земјата на следниот највисоко пласиран натпреварувач во соодветната тежинска категорија на тој турнир сè додека тоа дополнително место не го надминува максималниот број на натпреварувачи на таа земја.[2]
Распоред
Земји учеснички
Преглед на медали
Табела на медали
Машки дисциплини
Женски дисциплини
Наводи
Надворешни врски