Бокс на Летните олимписки игри 2016
Натпреварите во бокс на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 6-21 август во Павилјон 6 во Риоцентро.[1] Структура на натпреварувањеНа 23 март 2013, Меѓународната аматерска боксерска асоцијација (АИБА) вовеле значајни промени во структурата на натпреварување. Светската серија во бокс, којашто започнала да се одржува како професионално екипно натпреварвање во 2010 година, им овозможила на членовите на екипите да ја задржат подобноста за настап на игрите во 2012 година. Новиот професионален боксерски турнир на АИБА, којшто го сочинуваат професионалци кои имаат склучено пет-годишен договор со АИБА и се натпреваруваат со професионална карта, исто така претставува можност за натпреварувачите кои станале професионалци да ја задржат подобноста за настап на олимписките игри и да останат приврзани кон нивните национални комитети. Укинувањето на заштитни маски и системот на бодување за задолжително освојување на 10 бодови дополнително ја усогласуваат структурата на натпреварување на аматерскиот со професионалниот бокс.[2][3] Слично како и во 2012, мажите се натпреваруваат во следните десет категории:
Што се однесува до натпреварите во женска конкуренција, тие се подобри за натпревар во следните три категории:
Квалификациски критериумиСекој национален олимписки комитет може да обезбеди учество на по еден натпреварувач во секоја категорија. Шест места (пет во машка и едно во женска конкуренција) се обезбедени за земјата-домаќин Бразил, додека преостанатите места се распоредуваат преку тројна комисија. Поради тоа што за првпат е дозволено учество на професионални боксери, обезбедени се и распределени вкупно 37 места: од нив 20 места се обезбедени преку Професионалната боксерска серија на АИБА, со по две во секоја категорија; а преостанатите 17 места преку Светската боксерска серија. Секој континент има обезбедено места преку два аматерски и полупрофесионални турнири.[4] Квалификацискит натпревари беа следните:
РаспоредНатпреварите ќе бидат распоредени во два дела во поголем број од натпреварувачките денови од олимписката програма: утрински дел (У), кој ќе започнува во 11:00 (UTC−03:00), и вечерен дел (В), кој ќе започнува во 17:00 (UTC−03:00). Понувајќи од 17 август, натпреварувачките денови ќе содржат само еден дел, кој ќе започнува во 14:00 (UTC−03:00).
Учесници
Освојувачи на медали
Список по земјиНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia