Борење на Летните олимписки игри 2016
Натпреварите во борење на Летните олимписки игри 2016 ќе се одржат од 14-21 август во Сала 3 од Олимписката вежбалница во Бара да Тижука. Спортот е поделен во две дисциплини: слободен стил[1] и грчко-римски стил.[2] Секоја од двете дисциплини е поделена во повеќе категории. Мажите ќе се натпреваруваат во обете дисциплини, додека жените само во слободен стил. Околу 344 борачи се очекува да настапат во вкупно 18 натпревари. Во септември 2013, направени биле нови промени во правилата од страна на Меѓународниот олимписки комитет и ФИЛА (сега позната како „Обединето светско борење“). Притоа, по една категорија била укината од борењето во слободен и грчко-римски стил во машка конкуренција за да се додадат две нови категории во женска конкуренција и на тој начин да се намали половиот јаз и да се овозможи секој од трите стила да имаат по 6 категории.[3][4] Структура на натпреварувањеВо секоја категорија се 19 мажи или 18 жени, и уште 6 други натпреварувачи распоредени преку земјата-домаќин или тројната комисија. Борачите преку жреб било одредено да се натпреваруваат во квалификации за нивниот број да се намали на 16, по што следува фаза на елиминации за одредување на финалистите и освојувачи на златен и сребрен медал. Натпреварувачите кои во двете половини од елиминациската фаза ќе бидат поразени во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето од двајцата финалисти ќе разигруваат за два бронзени медали, при што поразените во полуфиналните натпревари ќе имаат натпревар помалку во разигрувањето.[1][2] РаспоредНатпреварите ќе бидат распоредени во два дела во секој натпреварувачки ден од олимписката програма. Освен последниот ден, првиот дел (квалификации и елиминациска фаза) ќе се одржи од 10:00 до 13:00 (UTC−03:00), а вториот дел (разигрување и финале) ќе се одржи од 16:0 до 19:00 (UTC−03:00). Поради церемонијата на свечено затворање во вечерниот дел од последниот ден, термините за првиот и вториот дел ќе бидат од 08:30 до 11:15 и од 12:45 до 15:15 (UTC−03:00) соодветно.
УчеснициЗемји-уеснички
Официјални судииСписокот на официјални судии е во продолжение:[5]
Наводи
Надворешни врскиНадворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia