Аџиевци
Аџиевци — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Долна Река, во околината на градот Дебар. Потекло на иметоИмето на селото потекнува по потурчените жители кои оделе на аџилак.[2] Географија и местоположбаОва село се наоѓа во областа Долна Река, во јужниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на југоисточната падина на планината Дешат, во долното течение на реката Радика.[3] Селото е ридско, сместено на надморска височина од 760 метри.[3] Селото е сместено на пониска тераса, над долината на Радика.[2] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Јасика, Гумно, Жабишта, Долни Пив, Казаферова Нива, Изворшница, Орешец, Пијаќе и други.[2] Селото е мало и има збиен тип.[2] Аџиевци е оддалечено 16 километри северозападно од градот Дебар, а од патот Маврово-Дебар е оддалечено само 1,2 километри.[3] ИсторијаСелото во минатото припаѓало на некој спахија, кој го поседувал и селото Горенци, крај Дебар. Дури подоцна било приклучено на Реканската каза.[2] Во XIX век, Аџиевци било село во Реканската каза на Отоманското Царство. СтопанствоСелото поседува мошне мал атар, кој зафаќа простор од само 1,6 км2. На него преовладуваат шумите на површина 89,5 хектари, пасиштата заземаат 44 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат само 18,8 хектари.[3] Селото, во основа, нема некоја развиена аграрна функција.[3] Население
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Аџиевци било село со 20 домаќинства и 48 жители.[4] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Аџиевци живееле 115 жители, сите Македонци-муслимани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Хаџиевци се води како чисто македонско-муслиманско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 16 куќи.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7] Селото е мало, населено со турско население и во 1961 година броело 121 жител, додека во 1994 година бројот се зголемил на 204 жители, од кои 71 Турчин (Македонци-муслимани), 43 Македонци, 6 Албанци и 84 останати.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Аџиевци имало 149 жители, од кои 93 Македонци и 56 Турци (всушност Македонци-муслимани).[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 100 жители, од кои 8 Македонци, 7 Албанци, 43 Турци, 31 останат и 11 лица без податоци.[9] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Аџиевци:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиРодови во селото се Таировци и Абдиновци.[2] Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Ростуше, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Маврови Анови, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на општина Ростуше се наоѓало во периодот 1955-1957. Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Ростуше, во која покрај Аџиевци се наоѓале и Битуше, Велебрдо, Галичник, Јанче, Присојница, Ростуше, Сушица и Требиште. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на Општина Присојница, во која влегувале селата Аџиевци, Јанче, Присојница и Скудриње. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0468 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на селскиот дом.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 251 гласач.[12] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia