Сушица (Ростушко)
Сушица — раселено село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Мала Река, во околината на градот Дебар. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Мала Река, на падините на Бистра. Оддалечено е 16 километри источно од градот Дебар. ИсторијаВо XIX век, Сушица било село во Реканската каза на Отоманското Царство. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сушица живееле 156 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Сушица имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сушица се води како чисто македонско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 24 куќи.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[5] Селото е наполно раселено по 1953 година, кога броело само 49 жители, сите Македонци.[6] Според пописот од 2002 година, во селото Сушица немало жители.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЗа Сушица се говори дека е најстаро село во мијачкиот крај. Родовите во селото се староседелски доселени од старото село Сушица.[11] Родови во Сушица се: Веловци, Митровци, Ставревци, Проковци, Коловци, Андоновци, Ѓоргевци, Ефтимовци, Цветковци, Угриновци, Мартиновци, Павлевци, Мијатовци и Јосевци, сите доселени од Старо Сушица. Општествени установиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia