Трница
Трница — историско село во областа Горна Река, денес во атарот на селото Волковија, Општина Маврово и Ростуше. Денес, во месноста се наоѓа обновениот мотел „Кораб Трница“, кој бил препознатлив по својот качамак, и споменикот на паднатите борци од НОБ од овој крај. Географија и местоположбаТрница се наоѓа на самиот пат Маврово—Дебар, веднаш на левиот брег на Мавровска Река. Месноста (мотелот и споменикот на борците од НОБ и народниот херој од тој крај Живко Брајковски) е сместена во стрмен дол, подножје на планината Бистра. Од Трница се двои патот кон селата Беличица и Волковија. Месноста Трница е сместена на 1.020 метри надморска височина. Денес, некогашното село влегува во атарот на Волковија. ИсторијаСелото се смета дека настанало од некои козари од Албанија. Претходно, во месноста постоел некој манастир, од кого може да се најдат некои рушевини.[2] На крајот од XIX век, Трница било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во минатото Трница била село населено исклучиво со Албанци (Качаци), кои често правеле зулуми и ограбувале коли и патници кои се движеле кон Дебар или Маврово. Поради честите грабежи и на блиските села Волковија и Беличица, жителите (Македонци) од двете села се собрале и ги истерале жителите на Трница. За време на српската окупација на Македонија во 1913 година, во Трница била сместена српската жандармерија и биле изградени куќи за српските жандарми и учители. Селото било уништено за време на војните 1912-1918 година.[2] По Втората светска војна во Трница е изграден познатиот мотел „Трница“ и е подигнат споменик посветен на загинатите жители и партизани во масакрот во Беличица, како и на другите паднати борци за слободата на Македонија од овој крај. СтопанствоОваа месност е позната и по прочуеното трничко сирење, кое се произведувало во задругата „Габрово“ во погоните сместени во месноста викана „Торбешки мост“, оддалечена 18 километри од Трница. Денес, мотелот и погоните за производство на млечни производи се обновени и повторно ставени во функција под брендот „Кораб Трница“. НаселениеСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. селото (Térnitza) имало 30 домаќинства со 94 православни Албанци.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трница имало 240 жители Албанци муслимани.[4] Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia