Дуф
Дуф — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горен Полог, во околината на градот Гостивар. Селото културно припаѓа на областа Горна Река, каде денес припаѓа и административно (во општината Маврово и Ростуше), иако историски припаѓало на областа Горен Полог. Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше, на јужните огранки на планината Враца, а во горното сливно подрачје на најголемата македонска река Вардар.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од околу 1.000 метри. Од градот Гостивар, селото е оддалечено 18 километри.[2] Дуф е планинско село, со што некои негови делови се наоѓаат над 1.300 метри. Се наоѓа во горниот тек на реката Мелце и нејзините изворишни притоки. Водата за пиење се добива од извори и од селските чешми. Поглавни извори и чешми за пиење се Торба, Ташкоа Чешма, Трпеа Чешма, Милоа Чешма, Крој Ковачит и Крој Јованит.[3] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Лаз, Таламбас, Сливе, Шар, Горошупец, Острика, Карашина Млака, Паралуп, Чука, Линиште, Камарица, Ара Станишит, Преслап, Ливаде, Леска, Јасики, Сотка, Бојин Брег, Лепа Дупка, Мелца, Бабин Камен и Дингоа Црква.[3] Селото има разбиен тип, поделено е на пет маала, кои имаат топографски или родовски имиња. Маалата се Тољањ (или Толјане), Брезоец, Чајане, Јарчевиш и Балабан. Оддалеченоста помеѓу маалата изнесува и по неколку километри.[3] До маалата Толјане и делумно до маалото Брезоец, се стигнува преку лош шумски земјен пат, кој започнува од селото Вруток, додека главниот пат за селото Дуф се двои од регионалниот пат Р1202 неколку стотина метри пред месноста Бунец. Овој локален пат на некои места е асфалтиран, а остатокот е макадам.[4]
ИсторијаДуф е старо село, што може да се заклучи по зачуваните староседелски родови, по народната традиција и по остатоците од старини. Над маалото Тољањ (или Толјане) постои месноста Селиште или Старо Село. Таму некогаш се наоѓало мало село со православно македонско население. Во селото имало девет куќи во кои биле раздвоени деветте браќа. Подоцна, најголемиот дел од жителите на ова село умреле поради чума. Остатоци од населба и од стари христијански гробишта постојат и над денешното маало Јарчевиш.[3] Во атарот на селото се наоѓа месноста Дингоа Црква, која се наоѓа над селото. На месноста, која на карта е означена како Димговска Црква, некогаш имало црковен храм. Рушевините од храмот денес не се познаваат. Исто така, една стара црква некогаш се наоѓала во месноста Варвара, покрај реката Мелце и недалеку од денешното село. Традицијата пренесува дека месноста го добила името бидејќи самата црква била посветена на Света Варвара.[3] Првпат селото Дуф како во усните преданија така и во пишаните и материјалните документи и артефакти се спомнува во мноштвата црковни повелби за регионот Горна Река меѓу кои и црковните повелби кои датираат од Византискиот период, односно од 1020 година, за време на владеењето на византискиот цар Василиј Втори, а посебно во црковните повелби на царот Стефан Душан од 1331 година, Стефан Урош Петти Немањиќ од 1356 исто така се спомнува во црковните повелби и од македонските кталеви кралот Димитрија Волкашин од 1365 година како и во црковната повелба од македонскиот крал Крале Марко од 1371 година за манастирот Свети Јован Бигорски. Првите пишани податоци за селото Дуф се содржат во пописниот отомански дефтер број 508 од 1467 година, кој се однесува за Дебарската Област, кој воедно е најстар документ на оваа област, во кој е опфатен вилаетот Река, каде што се дадени и првите податоци за населението од Горна Река, односно за даноците што населението ги давало на отоманската држава. Во овој отомански дефтер за селото Дуф е запишано дека Дуф има 40 рисјански семејства (во маалото Тољан четири, во маалото Брезовец осум, во Чајане Маало десет, во Ерчевиш Маало девет и во Балабан Маало исто девет рисјански семејства).[4] Во пописниот дефтер од 1567 година кој се однесува за период од 100 години, меѓу другото за село Дуф е запишано дека припаѓа на вилаетот Калканделен на чифликот на Караѓоз-бег, во кое имало 48 куќи во кои живееле 35 рисјански и шест отомански (муслимански) семејства. Вкупно 7 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5] Стопанство![]() Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 25 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.660,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 535,6 хектари, а на обработливото земјиште 296,3 хектари.[2] Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.[2] Во маалото Балабан и денес мештаните се занимаваат со сточарство, додека во другите маала се присутни ситното градинарство и собирањето шумски плодови.[4] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дуф живееле 1.130 жители, сите Албанци од кои 860 христијани и 270 муслимани.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Дуф имало 800 Македонци, од кои 200 биле под врховенството на егзархијата и 600 под патријаршијата.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Албанци и 100 Македонци.[8] Дуф во 1961 година имало 608 жители од кои 363 биле Македонци, а 244 Албанци. Во 1994 година бројот значително се намалил и во селото имало само 55 жители, од кои 50 Албанци и 5 жители Македонци.[2] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 39 жители, од кои 2 Македонци и 37 Албанци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 30 жители, од кои 4 Македонци, 22 Албанци и 4 лица без податоци.[10] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Дуф:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиДуф е македонско-албанско село со православно, исламизирано и муслиманско население. Во селото целото население во минатото го говорело албанскиот јазик, со што дел од македонското население е дел од групата Шкрети.[3] Според истражувањата од 1939 година, родови во селото по маала биле:
ИселеништвоОд селото има иселени родови, како православни, така и муслимански родови.[3] Од православните родови, родот Мојсовци живеат во селото Лешница, кај Гостивар; родот Поповци живеат во Глоѓи, кај Тетово; родот Поп Давидовци живеат во Скопје и во Северна Америка (од маалото Брезоец, а во Дуф се доселиле од Горно Јеловце); родот Селовци (2 к.) во 1914 година се иселиле во Истанбул, каде претходно работеле како печалбари (биле староседелци во маалото Толјане). Имало иселувања од маалото Чајане поради турските зулуми. Муслиманскиот род Грапалар, живеел во маалото Чајане, изумрел. Претходно биле доселени од Албанија. Општествени установи
Самоуправа и политикаКон крајот на XIX век, Дуф било село во Гостиварската нахија на Тетовската каза на Отоманското Царство. Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957. Во периодот 1952-1955, селото се наоѓало во рамките на Општина Вруток, во која покрај Дуф се наоѓале Вруток, Ново Село, Орќуше, Печково, Равен и Речане. Во периодот 1950-1952 година, селото се наоѓало во тогашната општина Речане во која влегувале селата Дуф, Ново Село, Орќуше и Речане. Избирачко местоСелото е опфатено во избирачкото место бр. 0498 според Државната изборна комисија, сместено во простории на основното училиште.[11] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 39 гласачи.[12] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia