Бело Езеро (Шар Планина)За други истоимени места, погледајте Бело Езеро.
Езерото се наоѓа во сливното подрачје на Боговињска Река на надморска височина од 2.275 метри. Истото се протега во насока север-југ.[2] ОдликиСе наоѓа во Брустовичкиот масив заедно со Црното и Боговињското Езеро.[3] Ова е едно од најубавите шарски езера, кое има постојан водостој, без разлика на атмосферските талози. Хранењето на езерото се врши со изворите кои се наоѓаат во неговата непосредна близина и со топењето на ледниците, додека пак се празни преку истека, која се влива во Боговињска Река. Негова карактеристичност е големата проѕирност на водата.[2] Вкупниот обем му изнесува 540 метри и има елипсовидна форма. Има површина од 18.000 м².[4] Се наоѓа на карпест басен, кој е опколен со прекрасни пасишта. Во езерото се влеваат неколку потоци и на самиот брег има многу извори, некои постојани, некои повремени. Еден поток се одлева и се влева во Боговињска Река. Езерото е постојано, не пресушува. Водата е кристално чиста.[5] Мерења во 2020 г.Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 1.482 м2, длабоко е 1 метар, долго е 203,4 метри, широко е 100 метри, а средната широчина му изнесува 72,9 метри. Должината на бреговата линија е 520,7 метри, а коефициентот на развиеност 1,21.[2] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia