Шарски локвиШарските локви се всушност мали езерца, кои според дефенициите за езеро не можат да се стават во таа категорија. На Шар Планина, бројот на локвите варира во зависност од временските влијанија. Но според честите испитувања и набљудувања, може да се рече дека на Шара има во просек барем 15-тина константни локви[1]. Местоположба на локвитеЛоквите на Шар Планина се среќаваат главно на зарамнети површини на планинското било, таму каде што има дупчести влабнатини и каде земјуштето е водозадржливо. Локвите имаат главно тркалест облик, со пречник до 50 м. Длабочината им достигнува до 1 метар. На страничните делови на планината локвите се ретки. Најпознатите локви се среќаваат кај врвовите Пирибег, Караникола, Белоезеркиот рид, Милош чобанин, Будимиров гроб, Кучибаба и Вакув. Две се кај селото Бозовце кај местото Голубарник. ОсобеностиЛоквите немаат свои притоки, освен една локва кај Голубарник која прима вода од една разурната бразда. Тие главно водата ја примаат преку атмосферски талози. Водата најчесто се троши преку поењето на добитокот, а најретко преку испарување. Нивните басени се продлабочуваат со дејството на снегот, влијанието на ветрот и со преминување на добитокот преку нив[2]. ЛоквиБројот на локвите точно не е познат, но следуваат најпознатите и најголемите локви на Шара[3]:
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia