Кривошијска Река
Кривошијска Река — краток водотек во долината Лешница, Шар Планина. Таа е притока на Пена.[1] Таа е долга околу 3,5 км.[2] Особености![]() Реката тече речиси во меридијански правец од југ кон север. Нејзиното извориште (41°59′16″N 20°46′57″E / 41.987904°N 20.782633°E) е на 2200 до 2300 м надморска височина во циркот Кривошија/Крива Шија, западно од Титов Врв. Во Пена се влева на надморска височина од 1500 м (42°01′08″N 20°46′44″E / 42.01882°N 20.77876°E), што значи дека на така кратка должина има огромен пад од дури 700 м. Најголем дел од водата во изворите на рекичката потекнува од врнежите и топењето на снегот во циркот.[3] ![]() Во долниот тек на реката се наоѓаат Кривошијски Кади, наречени Кривошијски Слап,[4] или Долно Цкало. Тие се мали водопади кои прават кади во коритото. Слапот се наоѓа на надморска височина помеѓу 1550 и 1600 м и се состои од вкупно 6 водопади. Посебно истакнат е горниот водопад висок 11,2 м (6,7+4,5 м) чија вода паѓа во кружно издлабена карпеста сала, создавајќи голем базен (џиновски лонец/када) на дното.[3] На 30-тина метри низводно се долните четири водопади скалесто наредени еден под друг, чија вкупна височина е околу 30 м. Поради всеченоста на водопадите во карпите, тие делумно се задскриени од погледот и тешко може целосно да бидат видени (всушност, може, но пристапот е ризичен). Затоа пак, високиот пад на водата создава силна бука која се слуша од далеку. Според проценките на д-р Ивица Милевски и ост., протекот на водата на овој слап е од 30 литри во секунда во август и септември, до преку 300 литри во секунда во мај и јуни, за што сведочат крупните валутоци и парчиња карпи по дното.[3] Во горниот тек на реката се наоѓа Кривошијскиот Водопад,[4] наречен и Горно Цкало.[1][2] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia