Кривошијско Езеро
Езерото се наоѓа источно од врвот Турчин (2.702 м.) на надморска височина од 2.237 метри.[2] ОдликиСе наоѓа на 2.250 метри надморска висина. Долго е 115, а широко е 87,5 метри, има најголема длабочина од 0,5 метри.[3] Вкупниот обем му изнесува 325 метри и има површина од 7.400 м².[3] Сместено е на самиот крај на длабоката и вовлечена долина Крива Шија по која што го добило името и која што е оградена од запад со истоимениот врв висок 2.511 метри, кој го одделува од изворите на Пена, на југ и исток со највисоките шарски врвови Титов Врв (2748 м.) и Мал Турчин (2702 м.), а на североисток со врвот Среден Камен висок 2465 метри. Околу езерото има ливадеста површина, но самото езеро е загадено. Причините се наноси на прав и самото капење на овците кои ја напасуваат околината. Езерото се одржува од неколку притоки, а се одлива преку истек што понира. Сочуваните траги укажуваат дека езерото некогаш било пошироко и подолго.[4] Мерења во 2020 г.Пред прогласувањето на новиот национален парк „Шар Планина“, во извршената студија за валоризација на паркот се дадени мерењата дека езерото има површина од 15.540 м2, долго е 204 метри, широко е 120 метри со средна широчина од 76,1 метар. Должината на бреговата линија изнесува 755 метри со коефициент на разгранетост 1,71. Езерото водата ја губи преку понирање на водата.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia