Берчевац
Берчевац — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа на самата административна линија меѓу Србија и Косово, каде гравитира длабоко кон Скопска Црна Гора. Селото е ридско-планинско. Според пописот од 2002. селото имало 19 жители (според пописот од 1991 селото имало 38 жители). ДемографијаВо Берчевац живеат 14 полнолетни жители, а просечната старост изнесува 28,4 години (25,6 кај мажите и 32,9 кај жените). Во селото има 3 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 6,33. Ова село е во голем дел населено со Албанци (според пописот од 2002). Во текот на двете светски војни, населението од Берчевац се селело (Србите во Војводина и Белград, додека Албанците претежно се селеле во Турција, Косово, Куманово и останатиот дел од Прешевската долина).
Статистички податоци
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia