Норча
Норча — населено место во општината Прешево, Србија, во близина со македонската граница. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на едно зарамнето место што е оддалечено 2км од градот Прешево. Источно од селото поминува железничката пруга. Над селото има букови и дабови шуми. Селото е од збиен тип, освен Герското маало, кое е оддалечено околу 200 метри од останатите куќи. Другите маала коишто го сочинуваат се: Паљај, Караосман, Жваљај, Блутај и Џинај. ИсторијаСе смета дека Норча е старо село, бидејќи се споменува уште во средниот век. Тогаш било забележано дека селото имало црква посветена на Свети Никола, но таа црква непостои денес. Се претпоставува дека била разрушена околу 1878 година. Денешните муслимански жители местото на црквата го нарекуваат киша. Порано ова село било православно македонско, но потоа постепено се доселувале муслимани од северна Албанија. Овој процес бил многу одамна, бидејќи малку се знае за овие православни родови. Во селото останал само еден исламизиран род, остатокот се доселени Албанци, но околу 1950 се доселени и нови православни семејства.[1] Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија. НасeлениеСпоред пописот од 1913 година селото има 377 жители и било дел од општина Прешево.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Албанци и 50 Македонци.[3]
Според пописот од 2022 година, селото имало 869 жители, со густина на населеност од 142.2/км2. 49.5% биле мажи, 50.5% биле жени.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia