Трнава (Прешево)
Трнава или Трново — населено место во општината Прешево, Србија, во близина со македонската граница. Селото е албанско. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на Трнавска Река во подножјето на планината Црна Гора. Куќите во селото гледаат кон исток. Главниот дел на селото е од збиен тип. Куќите се групирани во маала, додека пак маалата едни од други се оддeлени со улици. Низ селото тече Трнавска Река и така го дели селото на два дела. ИсторијаСе смета дека Трнава е старо село, кое неколку пати низ историјата опустило, но пак било обновено. Неговото сегашно име потекнува токму од некој настан, кога селото запустело, па израснале многу трња. На северниот дел од селото, некогаш постоела црквата Свети Јован, каде што и бил закопан селскиот поп, по име Гуран. Новите доселени христијани, на тоа место повторно изградиле црква. Во околината на селото има камен кој се нарекува Guri Frlljkt, односно Фрлен Камен. Селаните од околните села веруваат дека тој камен го фрлил Крале Марко. Селото има мешан етнички состав. Порано живееле само Македонци православни, но тие се иселиле во велешкото село Лугунци.[1] Во XIX век, селото е дел од Прешевската Каза на Приштинскиот Санџак. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија. НаселениеСпоред пописот од 1913 година селото имало 576 жители и било дел од општината Прешево.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци, 150 Турци и 250 Македонци.[3]
Според пописот од 2022 година, селото имало 1.245 жители, со густина на населеност од 63,52 жители/км2. 51,9% биле мажи, 48,1% биле жени.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia