Илинце
Илинце — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Селото се наоѓа во Прешевската долина, веднаш до границата со Косово. Според пописот од 2002, селото имаше 136 жители [1] (според пописот од 1991, селото имало 155 жители). Селото е високопланинско и се наоѓа во Прешевскиот дел на Скопска Црна Гора. ЕкономијаНаселението главно се занимава со земјоделство и живинарство. ДемографијаВо селото живеат 73 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 26 години (26,4 кај мажите и 25,5 кај жените). Во селото има 29 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,69. Ова село е во голем број населено со Албанци (според пописот од 2002 година). Селото има висока стапка на емиграција. Населението емигрира во Гњилане, Прешево, Куманово и Скопје.
Наводи
42°21′38″N 21°38′55″E / 42.36056°N 21.64861°E |
Portal di Ensiklopedia Dunia