Курбалија
Курбалија — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Селото се наоѓа во Прешевската долина, веднаш до границата со Косово и Македонија. Географија и местоположбаСелото е високопланинско и се наоѓа во Прешевскиот дел на Скопска Црна Гора на 798 м.н.в. Селото е од разбиен тип и се дели на две маала, кои се оддалечени 1.500 метри едно од друго. ИсторијаСелото е ново, во однос на другите села во близина, односно постои околу 220 години.[1] Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија. ЕкономијаНаселението главно се занимава со земјоделство. НаселениеСпоред пописот од 1913 година селото има 183 жители и било дел од општина Прешево.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[3] Населението води потекло од фисот Бериш, претставени од фамилиите Муресљови и Асанови.
Според пописот од 2022 година, селото имало 65 жители, со густина на населеност од 7.673/км2. 58.8% биле мажи, 41.5% биле жени.[5] Наводи
42°21′38″N 21°38′55″E / 42.36056°N 21.64861°E |
Portal di Ensiklopedia Dunia