Миратовац
Миратовац или Миратовце — населено место во општината Прешево, Србија, во непоследна близина со македонската граница. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на 3км северно од село Лојане. Се наоѓа на надморска висина од 404 метри. Околу него има чешми, бунари и извори. Селото е од збиен тип и има 8 маала. Секое маало е оддалечено од 100 до 200 метри едно од друго. Имињата на маалата во главно се по имињата на родовите во селото. ИсторијаМиратовце првично имало православно македонско население, кои подоцна се иселило и на нивно место се населиле Албанци муслимани по потекло од Албанија. Помеѓу селаните е запомнето дека при доселувањето нивно, тука тие еден период живееле заедно. Оваа преселба се случила во XVIII век. Голем дел од православните селани се знае дека се иселиле во Врање и Лесковац.[1] Во XIX век, селото е дел од Прешевската каза на Приштинскиот санџак. До него постоело посебно маало наречено Ново Село, кое било новооформено од муслимански преселеници од северните териотрии на Османлиската Империја, која ги изгубила при осамостујувањето на Србија. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија, иако географски припаѓа кон Македонија. НаселениеСпоред пописот од 1913 година селото има 1.144 жители и било дел од општина Жујинце.[2]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.300 Албанци, 100 Роми и 50 Македонци.[3]
Според пописот од 2022 година, селото имало 2.034 жители, со густина на населеност од 81.21/км2. 48.9% биле мажи, 51.1% биле жени.[4] Наводи
42°15′34″N 21°39′49″E / 42.25944°N 21.66361°E |
Portal di Ensiklopedia Dunia