Ораовица (Прешево)
Ораовица — населено место во општината Прешево, Србија, во Пчињскиот Округ. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во подножјето на планината Црна Гора, на надморска висина од 445 метри и е од збиен тип. Низ него портекува Ораовичка Река, при што го разделува селото на два дела. Има четири маала: Хаџиско, Муртеско, Чатачиско и Сејдијеско. ИсторијаСелото е старо. Тоа се гледа по сочуваните домородни фамилии и цркви. Селото порано се наоѓало малце посеверно од денешното, кај месноста киша. Таму имало и манастир посветен на Свети Петар. Сочувана е црквата Свети Никола, која била вкопана 2 метри во земја, а исто така имало и црква во Чатачиското маало, за која нема траг денес.[1] Во XIX век, селото е дел од Прешевската Каза на Приштинскиот Санџак. По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија. НаселениеСпоред пописот од 1913 година селото има 1.259 жители и било дел од општина Прешево.[2] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.350 Албанци, 100 Роми и 100 Срби.[3]
Според пописот од 2022 година, селото имало 4.181 жители, со густина на населеност од 17.35/км2. 50.3% биле мажи, 49.7% биле жени.[4] Наводи
42°15′34″N 21°39′49″E / 42.25944°N 21.66361°E |
Portal di Ensiklopedia Dunia