Борба на македонскиот народ против Цариградската патријаршијаБорбата против Цариградската патријаршија започнала во средината на 19 век, таа била водена од страна на населението во Македонија со цел да се отстрани црковната власт на Цариградска патријаршија која со себе го носела погрчувањето. Во текот на овие борби едно од главните барања било да се обнови некогашната Охридска архиепископија, а македонските епархии да потпаднат под нејзина јурисдикција, оваа борба во себе носела и национален карактер бидејќи македонското граѓанство се стремело во македонски општини, наставата да се изведува на македонски народен јазик, а во црквите да се отстрани грчкиот јазик и да се замени со црковно - словенски. БарањаНајстарата пропаганда во Македонија била Грчката пропаганда која во почетокот била предводена од Цариградската патријаршија. Во 50 - тите година на 19 век, незајакнатите македонски општини поединечно почнале да настапуваат пред Патријаршијата со барања со отстранување на грчките владици и нивно заменување со лица од словенско потекло [1]. Со развојот на економската сила на градското население бројот на барањата се зголемиле.
Барањата во однос на просветата се прошириле. Било барано да се воведе македонскиот јазик наместо во училиштата, а црковно - словенскиот во богослужбата. Бидејќи овие барања не биле исполнети, македонските општини истапиле со порадикални барања, се побарало обнова на Охридската архиепископија. Меѓутоа овие настапувања и барања не биле единствени, а најрадикалниот чекор кој Македонците го презеле против Патријаршијата е преминувањето во унија со Римокатоличката црква. ПочетокВо 1859 година кукушани со поддршка на францускиот конзул испратиле барање до папата да си ги запазат верските обреди и црковно - словенскиот јазик во црквите, а во замената тие да ја признаат папската власт. Бил постигнат договор по што во Кукуш била формирана првата унијатска општина [2] . Во северниот дел на Македонија каде грчкото влијание било послабо барањата биле ограничени на барања за поставување на месен владика како и воведување на црковно - словенскиот јазик [3] и македонскиот јазик во наставата [1] . Меѓутоа во Охрид каде традицијата за автохтона црква била особена жива се започнало силна борба и агитација за обнова на Охридската архиепископија [4], во оваа борба посебно се истакнале Димитар Миладинов и Григор Прличев. Славко Димевски истакнува дека:
Во 1859 година Димица напишал една книга на грчки јазик во која го истакнал незаконското укинување на Охридската архиепископија притоа побрал неселението да се откаже од Цариградска патријаршија, да престане да и го плаќа црковниот данок од 3 000 гроша и повикал за обнова на Архиепископијата. Борбата за обнова на Охридската архиепископија особено била силна во Охрид и охридско бидејќи таму биле силни сеќавањата за една автохтона црква. На чело на овие борби во Охрид застанал учителот Јанаки Стрезов и струшкиот учител Димитар Миладинов. Миладинов иако бил учител во Струга сепак тој успеал да ја добие наклонетоста на охридските еснафи но набргу во 1861 година Миладинов бил наклеветен дека е агент на Русија и дека го повикувала населението на бунт против турската власт, поради тоа бил затворен во Цариград. По неговото затворање Македонците кој живееле во Цариград се обиделе да влезат во зградата на Патријаршија но биле разбиени дел од нив избегале, а дел биле фатени и протерани на Света Гора, посебно оние кој биле родум од Охрид. Во јануари 1862 година Димитар и неговиот брат Константин Миладинов кој дошол да го ослободи, а потоа и тој затворен, умреле во затворот во Цариград. Истовремено борби против Патријаршија започанле во Штип, Велес и Скопје. Штипјани престанале да го спомнуваат името на својот митрополит во црквите, а се обиделе да ги убедат и Кратовчани да го направат истото. Велешани на својот митрополит му забраниле да го користи грчкиот јазик во богослужбата и му одредиле фиксна плата од 25 000 гроша. Скопските граѓани имале слични барања со дополнување да се прекинат врските со Патријаршија. КулминацијаКон крајот на 60 - тите години на 19 век борбата против Патријаршијата привршувала. Во тој период македонските црковно - училишни општини еднотстранично се откажувале од власта на грчките владици. Во оние области каде било по доминантно присуството на гркоманите, граѓаните ја продолжиле борбата за преземање на општините. Оние општини кои се отцепиле од Патријаршијата имеле нерешен статус. Турската власт и понатаму ги сметала за патријаршиски, а тие не можеле да имаат свои претставници во меџлисите. Затоа општините во Македонија и тамошното граѓанство било свесно дека црковното прашање ќе се реши само преку создавање на една сопствена автокефална црква која ќе биде призната од другите православни цркви и од Високата Порта. Македонските граѓани не можеле да сметаат на поддршката од Патријаршијата за канонска обнова на Охридската архиепископија и затоа целосно се насочиле кон Високата Порта обидувајќи се да ја добие нејзината наклонетост кон ова прашање. До Портата биле испраќани барања во кој било истакнато дека:
Еден дел од јужните македонски општини сметале дека таквите барања нема да бидат уважени од страна на Портата и затоа тие се свртеле кон Римокатоличката црква. Според еден од водачите на кукушкото преродбеничко движење Нако Станишев тие преминувале кон унијата затоа што:
Односно дел од населението во Македонија прибегнало кон унијата за да се зачува од погрчувањето кое го носела Патријаршијата [1]. Од друга страна пак населението преку унијата сакала да ја обнови Охридската архиепископија и затоа кога Римокатоличката црква не го исполнила овој услов, населението почнало да се откажува од унијата и папата.
Во 1866 година антифанариотските борби се прошириле и во Неврокопската каза. Најпрво селото Гајтаниново, а потоа и самиот Неврокоп се откажале од Патријаршија. По смрта на браќата Миладиновици на чело на антигрчкото движење во Охрид застанал Григор Прличев. Тој држел говори пред охриѓани во кој ги нападнал грчките митрополити, напишал една песма за Охридска архиепископија, а успеал да ги убеди и тамошните еснафи да се содаде посебна каса која требало да ја финансира антифанариотската борба. Во 1867 година Охрид и охридско ги прекинале врските со Патријаршија, а во 1869 година се формирала црковно-училишна општина за раководење на црквите и училиштата во Охрид и пошироко. Во почетокот самата оваа оптина себеси се титулирала како Охридска архиепископија. Во тој период од Патријаршија се откажале и Скопје, Прилеп, Битола и Крушево. Крај на борбитеВисоката порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите. Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia