Брањате
Брањате или Брајнат (грчки: Νέα Νικομήδεια, Неа Никомидија, до 1953 г. Μπρανιάται, Брањатe,[2] Μπρανιάτας, Брањатас) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Селото е познато по блиската населба од младото камено време — една од најстарите во Европа. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на околу 13 километри североисточно од градот Бер, на надморска височина од 25 метри.[3] Сместено е во Солунското Поле. ИсторијаСелото во минатото била чиста македонска населба.[3] СтопанствоЗголемувањето на бројот на жители низ текот на годините се должи на плодната почва и плодните обработливи површини, со кои располага селото и кои целосно се наводнуваат. Населението произведува големи количества памук, овошје и други земјоделски производи. Покрај земјоделието, во селото е развиено и сточарството, особено одгледувањето крави.[3] НаселениеК’нчов ја спомнува со 80 македонски жители, додека во 1913 година е забележана со 29, а во 1920 година со 53 жители. Оваа некогашна чифлигарска населба по 1923 година израснала во поголема населба, бидејќи тука биле населени 61 семејство на грчки бегалци од Никомедија, со вкупно 243 жители. Во 1928 година, селото имало 278 жители, во 1940 година 841, во 1951 година 880, во 1961 година 949, во 1971 година 877, во 1981 година 948, а во 1991 година 813 жители.[3] Според пописот во 2001 година, селото имало 866 жители. Во најновиот спроведен попис во Грција во 2011 година, селото било забележано со 801 жител. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото се наоѓа во општинската единица Апостол Павле со седиште во селото Микрогуш, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Брајнат, во кој се наоѓа само селото Брањате. Културни и природни знаменитостиНеолитска населба![]() Населбата од младото камено време во Брањате се наоѓа на околу 2 километри од самото село.[4] Претставува една од најраните познати наоѓалишта во Македонија, потекнувајќи од 6250-6050 п.н.е., претпоставувајќи дека имало население помеѓу 500-700.[5][6] Била ископувана опширно во три фази (во 1961, 1963 и 1964) од страна на Р. Џ. Роден и неговата екипа.[7][8] Наоѓалиштето покрива подрачје од околу 1690 м² имал катни градби 12 на 12 метри; куќите во Брањате биле градени — како и повеќето градби низ младото камено доба во Егејска Македонија — од слама и кал на дрвена рамка.[7] Предмети кои биле откопани во наоѓалиштето биле „кремени сечила, камени скепари, глинени фигури, печати за украси на тело, други украси и камени алатки“.[7] Археолошките ископувања на древната населба, исто така, откриле глинени скулптури од заоблени жени.[9] Грнчарски, особено големи предмети, биле пронајдени во наоѓалиштето, некои високи и до 60 сантиметри и со зафатнина од 85 литри.[10] Местото првично се наоѓало на бреговите на Солунскиот Залив или веројатно на некое езеро или лагуна. До 1930-тите години, мочуриштето на Ениџевардарското Езеро ја покривало областа.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia