Спорлита
Спорлита или Спурлита (грчки: Ελαφίνα, Елафина; до 1926 година: Σπουρλίτα, Спурлита[2]) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 12 километри јужно од гратчето Кутлеш, југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 860 метри.[3] Селото е сместено на југоисточните падини на планината Шапка. ИсторијаИако носи македонско (словенско) име, што е случај со повеќето села во ова подрачје, неговото население уште од порано има грчко потекло.[3] Селото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Елафина (Ελαφίνα). СтопанствоАтарот на селото е поседуван од еден муслимански велепоседник под името Халил и неговите наследници, поради што селаните не поседуваат своја земја.[3] НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Спорлита (Сполта) живееле 150 Грци христијани.[4] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Баштане (Bachtane) имало 145 жители.[3][5] Во 1910 година во селото Спурлита (Σπουρλίτα) имало 270 жители.[6] Спирос Лукатос посочува „грчки јазик на жителите“.[7] На пописот во 1912 година, селото е забележано со грчки јазик и христијанска религија.[8] Иако К’нчов и Бранков го споменуваат со 150 односно 145 жители, изгледа било многу поголемо, бидејќи со пописот од 1913 година селото било забележано со 350 жители. Во 1920 година имало 309, а во 1928 година 434 жители. Во времето на Втората светска војна селото прилично настрадало, поради што во 1951 година биле попишани 129 жители, а во 1961 година 181 жител. Во 1971 година селото имало само седум жители, во 1981 година пет, а во 1991 година 42 жители. Причината за напуштање на селото од неговите жители се должело на непостоењето нивна земја, поради тоа што земјата припаѓала на еден муслимански велепоседник познат под името Халил и неговите наследници. Повеќето од семејствата се преселиле во некогашните Колиби на Спорлита во Катеринско, каде имале своја земја.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 54 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 8 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Македонида со седиште во селото Боштани, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Куково, во кој покрај селото Спорлита влегуваат и Братиништа, Куково, Порос и манастирот „Св. Јован Претеча“. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia