Кумштица
Кумштица или Кум Ќој (грчки: Άμμος, Палеос Амос) — село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на околу шест километри југоисточно од градот Бер, на надморска височина од 35 метри.[2] Сместено е на десниот брег на реката Бистрица, при нејзиното навлегување во Солунското Поле. ИсторијаВо селото биле населени бегалски семејства по 1923 година во посебно маало, поради што еден период, селото било поделено на два дела, Стара и Нова Кумштица. СтопанствоЗемјиштето се наводнува од системот за наводнување на реката Бистрица и поради тоа дава високи приноси. Поради ова, во околината на селото е развиено земјоделството, со што се занимава населението. Главно произведува големи количества на памук, овошје и други земјоделски производи. НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кумштица живееле 80 Грци христијани.[3] Според податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кумштица имало 80 Грци.[4] Во 1910 година биле забележани 75 жители.[5] На пописот во 1912 година, селото бил забележано со грчки јазик и христијанско население.[6] Во 1913 година било забележано со 107 жители, од кои 59 мажи и 48 жени, а во 1920 година со 70 жители. По 1923 година, тука била населени 31 бегалско семејства, поради што малку подалеку од старата населба биле изградени нови домови во кои биле сместени бегалците. Така, во 1928 година селото се водело како две населби и тоа како Стара Кумштица и Нова Кумштица, во која биле сместени бегалските семејства. Во овој попис, старата населба имала 84, а новата 101 жител. Бидејќи новоизграденото бегалско маало постепено се споило со старата населба, во подоцнежните пописи, населбата Кумштица повторно се водела како една населба. Како таква, во 1940 година имала 178, во 1951 година 139, во 1961 година 145, во 1971 година 137, во 1981 година 134, а во 1991 година 176 жители.[2] Во пописот од 2001 година, селото било забележано со 160 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 198 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кумштица, во кој Кумштица е единствено село. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia