Карачали (Берско)За селото во Драмско, видете Карачали (Драмско).
Карачали или Кара Чали (грчки: Μαυροδένδρι, Мавродендри; книжевно: Μαυροδένδριον, Мавродендрион, до 1926 година: Καρά Τσαλή, Карачали[1]) — поранешно село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Денес, ова поранешнот село претставува дел од градот Бер. Географија и местоположбаСелото е оддалечено околу 4 километри североисточно од градот Бер, во самото Берско Поле, на надморска височина од 55 метри.[2] Селото е сместено во областа Урумлак. ИсторијаСелото било преименувано во текот на 1926 година кога му било доделено името Мавродендри (Μαυροδένδρι). НаселениеВо 1900 година според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Карачали живееле 30 Грци христијани.[3] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карачали (Kara Tchali) имало 25 Грци.[4] Во 1910 година во Карачали (Καρά Τσαλί) имало 28 жители.[5] Во пописот од 1913 година селото не било воопшто спомнато, најверојатно бидејќи малата чифлигарска населба била целосно уништена во Балканските војни, додека во пописот од 1920 година била спомената со 67, во 1928 година со 34 (од нив 13 бегалци), во 1940 година со 30, а во 1951 година само со 17 жители. Во подоцнежните пописи, селото повеќе не се споменува како посебна населба поради малобројноста на неговото население, а бројот на жителите е пресметан во составот на жителите на градот Бер.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото претставува дел од градот Бер и се смета како негова четврт. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia