Долно Куманич
Долно Куманич (грчки: Κάτω Κομνήνειο, Като Комнинион) — новосоздадено село во Берско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Бер, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото било создадено во рамките на атарот на селото Куманич.[2] ИсторијаПрвпат како одвоена населба се споменува во пописот од 1991 година со 30 жители. Веројатно се работело за жители на селото Куманич, кои по шеесеттите години почнале да го напуштаат селото и да се селат во поголемите градови, а во последниве години се враќаат назад и го обновуваат селото. Некои од нив подигнале нови куќи на поудобно место од постарата населба и бидејќи новата населба се наоѓа на пониска надморска височина, го нарекле Долно Куманич.[2] НаселениеСелото повторно се вратило во пописите во 1991 година, кога биле и забележани 30 жители.[2] Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 43 жители. Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Бер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Бер, во округот Иматија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лужица, во кој покрај Долно Куманич се наоѓаат и селата Лужица и Куманич. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia