Брунеј — првпат учествува на Олимписките игри во 1988 година, со единствен претставник но без спортисти. Оваа земја повторно учествувала на Летните олимписки игри во 1996, 2000 и 2004 година. На секоја олимпијада, ги претставувал еден спортист.[1] Брунеј никогаш не учествувал на Зимските олимписки игри, и никогаш нема освоено олимписки медал.
На Летните олимписки игри 2008 година, Брунеј првично планирале да учествуваат, но им било забрането да учествуваат на денот на церемонијата по повод отворањето на игрите бидејќи не регистрирали ниту еден спортист МОК.[2]
Во март 2012 година, Брунеј го информирала МОК дека има намера да ја прати Мазија Маусин да се натпреварува на игрите во Лондон. Иако Маусин не ги исполнувала потребните стандарди за да се квалификува на игрите, таа ќе учествува на игрите благодарение на мотото на игрите, кое гласи дека Националните олимписки комитети можат да пријават натпреварувачи кои не се квалификувале во одделните спортови.[5][6]
НОК на Брунеј бил создаден во 1984 година и признаен од МОК истата година.[7]