Србија и Црна Гора на Олимписките игри
Поранешната државна заедница Србија и Црна Гора се натпреварувала на Олимписките игри 6 пати во периодот меѓу 1996 и 2006 година, Кога се распаднала заедницата меѓу Црна Гора и Србија кога тие се прогласиле за независни држави. ИсторијаЈугославија била претставена на сите Летни олимписки игри од 1920–1988 година, и на сите Зимски олимписки игри во периодот меѓу 1924–1988 година. Поради распадот на Југославија во 1991 и 1992 година, се смениле олимписките учесници. Новите независни држави Хрватска и Словенија испратиле свои нови сопствени делегации на зимските игри во 1992 година, при што Југославија била претставена од спортистите на Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија. Ова се последните игри на кои настапила Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Федерална Република Југославија била воспоставена во април 1992 година, која се состоела од Црна Гора и Република Србија. Сепак, резолуцијата 757 од Советот за безбедност при Обединетите нации (усвоена на 30 мај 1992 година)[1] со која се повикува државите:
И покрај ова, МОК одлучи едногласно дека спортистите на Србија и Црна Гора (и на Македонија) можат да се натпреваруваат на летните игри во 1992 во Барселона. Условите наметнати биле спортистите да се натпреваруваат како независни олимписки учесници, да носат бела облека без никакви симболи и да ја користат олимписката химна и олимписко знаме при церемониите за победа.[2] Спортистите не можеле да учествуваат на церемониите по повод отворањето и затворањето на игрите. Екипа од 52 спортисти се натпреварувале на поединечни настани, при што освоиле три медали во стрелаштво. Забраната за екипно учество значела дека екипите на машката ватерполо репрезентација, женската кошаркарска репрезентација, и машката и женската ракометна репрезентација не можеле да се натпреваруваат, и покрај тоа што се квалификувале за игрите.[3] Наметнатите санкции на ФР Југославија значеле дека спортистите не можеле да се натпреваруваат дури под олимпиското знаме на зимските игри во 1994 во Лилихамер.[4] Санкциите биле отстранети за следните Олимписки игри. На Летните олимписки игри во 1996 година во Атланта, Џорџија, екипата била означена како Југославија, користејќи го истиот МОК код (YUG) како и поранешната Социјалистичка федеративна Република Југославија на претходните игри во 1988 година,[5] и покрај фактот што ФР Југославија не била признаена како наследник на СФРЈ. Екипата од 68 спортисти се натпреварувала во 13 спортови и освоиле четири медали.[6] Во Сиднеј за време на летните игри во 2000, југословенската[7] екипа се состоела од 111 спортисти кои се натпреварувале во 14 спортски настани и освоиле три медали. Во 2003 година, ФР Југославија се преименувала во државна унија на Сербија и Црна Гора, и државата била означена како Србија и Црна Гора (SCG) за првпат на летните игри во 2004 година во Атина.[8] Екипата од 87 спортисти се натпреварувал во 14 спортски настани и освоил два сребрени медали.[9] По референдумот за независност на Црна Гора во 2006 година, државната заедница била растурена и секоја држава си ја прогласила својата независност. Олимпискиот комитет на Србија бил наследни на НОК на Србија и Црна Гора во јуни 2006,[10] со согласност од советот на Олимпискиот комитет на Србија и Црна Гора. Новоформираниот Црногорскиот олимписки комитетбил признаен од страна на МОК во јули 2007 година.[11] На Летните олимписки игри 2008 година во Пекинг Србија се вратила на Олимписките игри по 96 години под името Србија, додека пак Црна Гора за првпат зела учуество како независна држава. Резултати од Летните олимписки игри
Резултати од Зимските олимписки игри
Медали по спортови
МедалистиОвој список ги вклучува сите натпреварувачи ки освоиле олимписки медали за Србија и Црна Гора, додека се натпреварувале како ФР Југославија (YUG) во 1996 и 2000 година, и Србија и Црна Гора (SCG) во 2004 година.[12] Знаменосци
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia