Сар на Летните олимписки игри 1952
Национален олимписки комитет на Сар[1] основан во 1950 година во протекторатот Сар кој постоел од 1947 до 1956 година, област од Западна Германија кој повторно бил окупиран во 1945 година од страна на Франција. Како посебна екипа, Тие земале учество само на Летните олимписки игри во 1952 година, пред повторно да се приклучи на германската екипа на летните игри во 1956 година. 36 натпреварувачи, 31 маж и 5 жени, земале учество во 32 настани во 9 спортови.[2] ИсторијаВеднаш по Првата светска војна на Сарската област првично не и било дозволено да се обедини со Вајмарската Република и останала под воена окупација неколку години по војната, по Втората светска војна на Сарската област повторно не и било овозможено да се придружи на ФР Германија која била основана во мај 1949 година. Од друга страна, анексијата на Франција бил забранета од страна на сојуниците и атлантската повелба. Бидејќи месното население не сакало да и се придружи на Германија,биле основани паралелни внатрешни установи, како и посебни спортски екипи како на пример Сарската фудбалска репрезентација, а во 1950 година и НОК, кој ан германски се нарекува Nationales Olympisches Komitee des Saarlandes.[3] Во област во која Долберг со 695 метри е највисоката точка, не испратиле спортисти во Осло за учесто на зимските игри во 1952 година поради недостатокот на спортитисти во зимските спортови. Бидејќи Сар има преку 500 години рударска историја, тии донирале рударска ламба[4][5] со која се пренесувалл безбедно пламенот во авионите, првпат употребен на летните игри во Хелсинки, 1952 година. На церемонијата на отворањето 36[6] или како што е забележано од водителите на игрите 41[7] спортисти од Сар марширале на стадионот[8] пред германската екипа, која на фински јазик се нарекува „Сакса“. Екипата, која е наведена во официјачните документи се состоела од 44 мажи и 6 жени [9] или со 71 натпреварувачи, 16 официјални лица, 11 набљудувачи што давало вкупен број од 98[10] кои не освоиле медал и сре рангирале како 44-ти од вкупно 69 екипи. По референдумот во октомври 1955 година со големо мнозинство го отфрлиле статутот на Сар како независна европска територија, со што жителите индиректно гласале за приосоединување кон ФР Германија. Па така последователниот Сарски договор од октомври 1956 година и дозволил на областа Сар да се присоедини со Германија од почетокот на 1 јануари 1957 година. Иако можеле сепак, Сар не испратиле посебна екипа на Летните олимписки игри во 1956 година, настапиле како Обединета германнска екипа која се состоела од спортисти од сите три германски држави за прв и единствен пат. Со тоа 1952 година била единиствената година на која Сарската екипа се натправарувала како независна. Олимпискиот комитет на Сар [11] се распуѓтил во февруари 1957 година бидејќи неговите членови, као и сите други установи на Сар станале дел од Германија. Значајни натпреварувачиТереза Ценц[12] (родена на 15 окромври 1932 година во Мерциг), месен шампион,завршила 9-та на трките со кану на игрите во 1952 година, одржан на отворено на Балтичкото Море, што било ново искуство за 19 годишната натпреварувачка од копннениод дел на Германија. Таа станала светски шампион во K-1 500 м, со што станала дел од историјата на Сар и нејзиниот град Метлах. Откако и било дозволено да се натпреварува за Германија во 1956 година, таа о освоила сребрениот медал[13] а во 1960 година освоила два сребрени медали, откако била поразена од страна на советските натпреварувачи во фотофиниш. Во 1964 година, таа била тренер ан освојувачите на злато Розвита Езер и Анамарија Цимерман, екипа која го одбранила златото на игрите во 1968 година. АтлетикаБоксување
КајакарењеМечувањеПет мечувалци, сите мажи, го претставувале Сар на игрите во 1952 година. ГимнастикаВеслањеСтрелаштвоДвајца стрелци го претставувале Сар на игрите во 1952 година. ПливањеБорењеНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia