Саудиска Арабија на Олимписките игри
Саудиска Арабија — земја учесничка на осум Летни олимписки игри. Тие за првпат учествувале во Летните олимписки игри во 1972 во Минхен, Западна Германија. Тие никогаш се немаат натпреварувано на Зимски олимписки игри. Проблемот со женските натпреварувачки![]() Правниот систем во Саудиска Арабија за жените, гласеше дека имаат забрана за учество на Олимписки игри.[1] Сепак, по притисокот од Меѓународниот олимписки комитет, амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон објави дека Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија одлучи да испрати атлетичарки во јуни на Летните олимписки игри 2012.[2][3] Имаше повик за Саудиска Арабија да им се забрани учеството на Олимпијада сè додека не се повлече забраната на жените учеснички Анита де Франц, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет и Комисијата за спорт, во 2010.[4] Во 2008, Али Ал Ахмед, директорот на Институтот за Заливските прашања, исто така имаше повик кон Саудиска Арабија да им се забрани учество на игрите, поради тоа што, нивната забрана за жените да учествуваат на игрите е кршење на правилата на Меѓународниот олимписки комитет. Било изјавено дека половата дискриминација не треба да биде прифатлива на ист начин како и расната дискриминација, при што изјави: „Во последните 15 години, повеќето меѓународни невладини организации ширум светот се обидуваа да лобираат до МОК за подобро спроведување на законите за спречување на половата дискриминација. Додека неговите напори придонеле за зголемување на бројот на учеснички, МОК биле неодлучни да заземат силен став и да се заканат на земјите што ги дискриминираат учесничките при што истите би им забраниле учество на игрите."[5] Далма Ружди Малхас се има натпреварувано на Олимпијадата за младинци во 2010 година во Сингапур и го освои бронзениот медал во коњички спорт (види Саудиска Арабија на Младинските Летни олимписки игри во 2010 година). Саудиска Арабија се согласила на 12 јули 2012 година, да прати две жени да учествуваат, на Летните олимписки игри во 2012 Лондон. Двете жени спортисти беа Војдан Шахеркани во џудо и атлетичарката на 800 метри Сара Атар.[6] Пред јуни 2012 година, Саудиска Арабија забранување жени спортистки да се натпреваруваат на Олимписки игри.[7] Игрите од 2012 година се првите игри во олимписката историја каде секоја земја учесничка имала натпреварувачки.[8] Список на медалисти
Медали по спортови
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia