На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Веле Село се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]
Велесело, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 131 жител, а во 1994 година 8 жители, Македонци.
Според пописот од 2002, селото брои само 4 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Ќутевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој се доселил од селото Тепавци во XIX век. Таму имаат роднини, подалечно потекло од некое село во околината на Корча во Албанија; Кочовци (2 к.) и Петковци (2 к.) родовите ги основале доселеници од селото Тепавци, и нивното подалечно потекло е од околината на Корча во Албанија; Рибицовци (1 к.) доселени се од селото Полог.[12]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 172 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Брод.[13]
Родовите Мојановци и Враговци се иселиле во селото Брод. Даскале се иселиле во Бач. Стојковци и Беџовци се иселиле во Долно Егри. Димуловци во Средно Егри. Трајковци во Орехово.[12]