Ченгел (село)
Ченгел — историско село во Битолско, денес на територијата на Општина Новаци. Географија и местоположбаСелото се наоѓало на источната падина на Селечка Планина, источно од Битола, меѓу селата Паралово на северозапад, Ивени на североисток, Гнилеш на југозапад и Полог на југоисток. Денес местото е во атарот на Гнилеш. ИсторијаСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ченгел живееле 95 Македонци христијани.[2][3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Чегел се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[4] На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ченгел (Tschenghel) имало 80 Македонци под ехзархијата.[2][5] Селото настрадало од грчки андартски напади во 1906 г.[6] Според други податоци, на почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. Во пописот од 1908 г. жителите на Ченгел, заедно со оние на селото Полог се погрешно заведени како „Грци“ поради припадноста кон патријаршиската црква, што предизвикало револт во двете села.[7] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia