Селото лежи во средишниот дел на Битолското Поле, на надморска височина од 660 метри, а од градот Битола е оддалечено 17 километри. Поради проширување на рудникот Суводол во 1961 година, селото било напуштено и денес е целосно раскопано и уништено.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врановци се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 24 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Селото е целосно раселено, така според пописот од 2002 година во селото не се забележани жители.[7] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Родови во Врањевци биле: Ерговци (8 к.), Мушковци (2 к.), Јосифовци (2 к.), Пашовци (2 к.) и Шишковци (2 к.) за овие родови се вели дека се многу стари, возможно е да се староседелци; Шаторовци (6 к.), Ристевци (6 к.) и Шуплевци (3 к.) доселени се однекаде; Мегленчани (2 к.) доселени се од селото Мегленци во XIX век; Шкорлевци (2 к.) доселени се на крајот од XIX век од селото Арматуш.[12]
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.