Добромири
Добромири — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола. Потекло и значење на иметоИмето на селото се поврзува со легенда според која селото го добило името од придавката „добар“ бидејќи неговите жители биле доста добри и не се карале меѓу себе, ниту пак со мештаните од околните села. Па, затоа, мештаните од другите села за нив велеле дека се добри и мирни, со што се создало денешното име Добромири.[2] Географија и местоположба![]() Селото се наоѓа во источниот дел на Битолското Поле, од левата страна на Црна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Новаци.[3] Селото е рамничарско, на надморска височина од 575 метри. Низ селото поминува регионалниот пат 2340, кој води за битолско Мариово и се движи низ Пелагонија. Од градот Битола е оддалечено 15 километри.[3] Од општинското средиште Новаци е оддалечено 3 километри. Добромири се наоѓа во Битолското Поле помеѓу селата Новаци, Горно Агларци и Трн. Во минатото, водата за пиење ја добивале од бунари длабоки од 4 до 8 метри.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Слатина, Табачица, Тумба, Ќерамитка, Долна Браненица, Рибарски Пат, Ѓупски Пат, Црквиште и Круши.[4] Селото има збиен тип, поделено на три маала: Горно, Долно и Населеничко Маало. Последното маало е малку издвоено од остатокот на селото и во нејзе се наоѓаат поновите доселеници.[4] ИсторијаМесноста Тумба се наоѓа на еден километар северно од селото, каде се наоѓаат стари гробови, делови на темели на некој ѕид и парчиња грнчарија. За гробовите, мештаните претпоставуваат дека се турски. И во самото село се наоѓа една тумба, но нема остатоци на старини.[4] Селаните говорат дека селото е старо. Првпат се споменува во еден турски документ издаден во периодот од 1650 до 1750 година. Во селото, исто така, има зачувани стари родови. Добромири претходно се наоѓало во месноста Ќерамитка, која се наоѓа на 1,5 километри југоисточно од денешната местоположба. Во тоа село, чума ја убила стоката, поради што мештаните се преселиле на денешното место. Не се знае кога е извршено преселувањето.[4] Во месноста Црквиште, која е покрај селото, се говори дека некогаш таму имало црква. Денес, земјиштето во месноста не се обработува.[4] При заминувањето на отоманската власт, во селото имало пет чифлици, чии сопственици биле Изет, Јашар, Нурија, Ќамил и Аџија, сите од Битола. Само родовите Богдановци, Поповци и Пајевци имале своја земја.[4] За време на Кралството Југославија, во селото биле колонизирани четири српски семејства, кои биле протерани во 1941 година за време на бугарската окупација во Втората светска војна.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.062,4 хектари, на пасиштата отпаѓаат 31,1 хектар, додека шумско земјиште нема.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има продавници и угостителски објекти.[3] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Добромири живееле 416 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Добромири имало 216 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Добромир се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 40 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци и 50 Власи.[8] Добромири е средно по големина село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 597 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 368 жители, од кои 364 биле Македонци, а двајца жители Срби.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Добромири живееле 345 жители, од кои 344 Македонци и 1 Влав.[9] Во 2008 година по неофицијални податоци во селото живееле околу 300 жители, додека во 2019 година селото броело околу 350 жители.[2] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 296 жители, од кои 282 Македонци, 3 Албанци, 6 останати и 5 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиДобромири е македонско село.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1953 година родови во селото се:
ИселеништвоОд Добромири иселеници има на следните места: Тантаровци (8 к.), Здравевци (4 к.), Зајковци (4 к.) и Мурко (1 к.), се иселиле во селото Новаци; Чадија (1 к.), во селото Оптичари; Трајковци (2 к.), живеат во Карамани; Чукузовци (3 к.) живеат во Трн; Бенџовци (3 к.), живеат во Долно Оризари. Од родот Пајовци има иселеници во Битола.[4] И ова село како и другите битолски села го има зафатено силна емиграција. Бројот на иселеници од селото изнесува над 300 жители. Најмногу се иселени во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.[2] Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаВо XIX век, Добромири било село во Битолската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Новаци, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Новаци. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Новаци. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Новаци, во која покрај селото Добромири, се наоѓале и селата Балдовенци, Биљаник, Врановци, Гнеотино, Горно Агларци, Грумази, Долно Агларци, Мегленци, Новаци, Ново Село, Долно Орехово, Паралево, Рибарци, Суводол и Тепавци. Општината Новаци постоела и во периодот 1950-1952, во која влегувале следниве села: Билјаник, Добромири, Новаци и Рибарци. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0163 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 274 гласачи.[17] Културни и природни знаменитости![]()
Редовни настани
Личности
Култура и спортВо селото работи фудбалскиот клуб ФК „Пелагонија Добромири“ кој се натпреварува во општинската А лига. Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia